Сумата што ја плаќа бизнисменот Ариф Ахмед ал-Заруни е 18 пати поголема од почетната цена на аукцијата, а неговото објаснување е "моја амбиција е секогаш да бидам број еден."
Таблицата е продадена на аукција на која се продаваа околу 60 најпобарувани регистрации. Освен кецот, најпопуларни беа регистрациите со број 12, 22, 50, 100, 333, 777, 1000, 2016, 2020 и 99999. Од овие 60 таблици на аукцијата беа собрани околу 12 милиони евра.
Ова не е најскапата единица продадена во Емиратите, за истата бројка ама на таблица од Абу Даби, во 2008-ма беа платени 12,5 милиони евра.