Разно

Тежок кредибилитет професорски

Група активисти за заштита на околината позираат како група бизнисмени од секторот нафта и јаглен заинтересирани за заштита на профитот, за да покажат колку е лесно да натераш факултетски професор да каже што и да сакаш да каже. Не со виткање рака, туку со пари.

А сакате и да се заклучува?

Нов канадски затвор вреден 40 милиони не бил отворен само затоа што ќе останел таков, отворен, и кога би бил отворен. А затворот обично треба да е затворен.

Италијанците меѓу право на чист воздух и право на пица

Италијанските статистики се дека годишно во земјата 30.000 луѓе умираат од загаден воздух. Инстантните решенија на оваа тема ставија пред стрелачки вод некои крајно автохтони состојки од италијанскиот начин на живот.

Така говореше Путин

Функционери низ цела Русија за празниците на подарок добија книга од 400 страни со "пророчки" цитати од претседателот Владимир Путин. Колекцијата е под наслов - Зборови кои го менуваат светот.

Малезија лета криво

Првиот пат е трагедија. Вториот пат може да е коинциденција. Ама третиот пат  - затвораш дуќан.

Како теориите на заговор толку брзо се шират

Речиси е правило секој глобален настан инстантно да е проследен со "ви реков" момент меѓу луѓето што веруваат во теории на заговор, кои одма ја дава својата верзија на вистината, гранитно изградена на најтенките пропусти во официјалната приказна, најчесто преплетена со претходни конспирации. Исто така, стана правило секоја нова завера инстантно да се шири, без никаква препрека од здрав разум или логика.

Русија се загрева побрзо од сите други

Оптоварена со поплави, шумски пожари и други природни настани, Русија се загрева 2,5 пати побрзо од просекот на планетата, соопшти надлежното руско министерство.

Да се укине гласањето

Правото на глас на обичниот граѓанин не ги дава оптималните резултати, ниту пак резултатот од нивното гласање и избор на најдобриот кандидат што го имале на располагање. Зборуваме за изборот на играчи за Ол-Стар викендот на НБА.

Ало, дали е тоа планетата Земја?

Британски астронаут ѝ се извини на жената на кој ѝ се јавил на телефон и ја прашал дали е тоа планетата Земја. Грешка било. Не планетата, бројот..

Марс да почека да се залепиме

НАСА реши да ја одложи следната мисија на Марс. Еден битен дел не им дихтува.

Зошто на Фолксваген му се брза да се спогоди со купувачите

Во четвртокот Фолксваген објави дека го ангажирале адвокатот Кенет Фејнберг, да помогне во програмата за исплаќање отштета на возачите на "штелувани" дизел автомобили. Фејнберг е истиот човек кој го раководеше делењето отштета на жртвите од 11-ти септември и маратонот во Бостон.

Македонија треба да тргне по стапките на Иран

Зима ли е кај нас? Имаме ли ние ѕидови, имаме ли закачалки, имаме ли луѓе кои имаат вишок топла облека и луѓе на кои таква им недостасува? Е, па?

Во одбрана на озборувањето

Клери Белчер од Челични магнолии вели: "Ако немаш ништо убаво што да кажеш, дојди седни до мене."

Унилатерално прогласување на Норвешка за комшија на годината

Група Норвежани започнаа кампања за нивната држава да и даде цела една планина на Финска како подарок за 100-годишнината од независноста на нивниот сосед. Зошто баш планина? За и Финска да има барем една планина.

Дејли Шоу рецензија на 2015-та

Главните вестите годинава беа масовно убиство, масовно убиство, масовно убиство, дали фустанот е син или бел, масовно убиство, геј права, геј не права, нов водител на Дејли шоу, масовно убиство, Ѕвездени војни.

Големото данско срце

За да не биде запаметена само по пораката до бегалците што ја објави по весниците низ арапскиот свет "Не доаѓајте тука", Данска одлучи да фати да работи со бегалците околу нивното сместување во земјата. Конкретно, како на влез во Данска да им го конфискува целиот накит на бегалците, како надомест за трошоците за сместување во земјата.

Вегетаријанците се штетни за планетата

Аргументот е дека јадењето месо е апсурдно неефикасно и троши запрепастувачки количини на ресурси. Обработувањето на овие ресурси троши дополнително многу енергија, и целиот овој круг ослободува толку многу штетни гасови, што Земјата се топи кај што ќе стигне. Заради ова и О.Н. го препорачува вегетаријанството како еден од начините на кои може да и се помогне на планетава. Ок, ај сега полека малку.

Трагичната слика што и даде лик на бегалската криза

Истражувачи анализираат како сликата од 4-годишниот Ајлан Курди го смени целиот начин на кој зборуваме за бегалската криза. Избрана е конкретно оваа слика затоа што во рок од 12 часа беше прикажана на 20 милиони екрани низ светот.

Песимистички водич за светот во 2016

Најлошите работи кои следната година би можеле да му се случат на светот. Најлоши базирано на некакви издржани политички, економски и геостратешки процени, не Холивуд најлоши во форма на апокалипса, Годзила, Десептикони или Локи. Трамп како претседател останува сива зона меѓу Холивуд и реалноста.

Што после спомениците?

Споменичниот блицкриг кој го доживеа Скопје последниве години, САД го имаа во првата половина од минатиот век. Денес таму е актуелна дебатата што после мермерот кој ја одразуваше тогашната но не и денешната Америка. Како и во што една држава денес да ги впишува вредостите и спомените кои сака да ги остави во колективната меморија?

Полицијата на Токио почна да користи ловци на дронови

На почетокот од годинава дрон кој носеше радиокактивен песок слета на покривот од канцеларијата на јапонскиот премиер. Не беше некој директен напад, туку повеќе стануваше збор за протест против политика на Јапонија за нуклеарна енергија.

Уште утре би си одел дома

Тарик Аџаџ е човек кој бегајќи од ИСИС и војната од Северен Ирак стигна до Финска. По неколку месеци таму, Тарик е доволно пишман што некогаш стапнал во земјата за да инсистира да го вратат назад.

Зборот заради кој ќе пропаднеа климатските преговори во Париз

По неколку години подготвување и две недели непрестајни преговори, меѓусебни компромиси и ценкања, судбината на целиот договор од Париз во саботата се сведе на еден единствен збор.