Информацијата ја објавува Сандеј Тајмс врз основа на интервјуто што поранешниот агент на ЦИА Доналд Рикард го дава кратко пред својата смрт. Рикард иако никогаш не бил формално поврзан со ЦИА, тој работи како дипломат во Јужна Африка се до неговото пензионирање кон крајот на 70-те.
Мандела со години крајно успешно ги избегнува сите обиди за апсење. Вечерта на 5-ти август 1962-ра кога е уапсен во близина на источниот град Дурбан, Мандела е преправен во шофер.
"Дознав кога доаѓа и како ќе доаѓа... тоа е моментот кога јас бев вмешан и тоа е моментот кога Мандела беше уапсен," изјавил Рикард во интервјуто за биографскиот филм Mandela's Gun.
Во 1962-ра, сред Студената војна, Мандeлa е лидер на вооруженото крило на Африканскиот Национален Конгрес, кој тогаш се смета за терористичка организација и закана за Западот. Во интервјуто, Рикард објаснува дека во тоа време Мандела претставува "најопасниот комунист" вон Советскиот сојуз, иако Мандела отсекогаш отфрлал какво било членство во партијата. Мандела беше на американската листа на терористи се до 2008-ма.