Магазинот Политико успева да стигне до транскриптот од минатогодишниот говор на Бил Клинтон во Остин, Тексас, на "Кинеско-Американскиот самит за приватни инвестиции," за кој поранешниот претседател бил платен 285.000 долари.
Од април минатата година, кога Хилари ја започна својата кампања за претседателски кандидат, Бил Клинтон има заработено речиси 3 милиони долари во платени говори, "а огромниот хонорар за говорот во Тексас само покажува колку се подготвени богатите клиенти да платат за да чујат говор од поранешниот, и потенцијално следниот, жител на Белата куќа."
Во затворениот говор пред околу 60 кинески и 150 американски бизнисмени Бил заземал подипломатски тон кога зборувал за Кина, наспроти остриот став што Хилари го има за време на претседателската кампања. Тој ја нагласува важноста на инвестициските можности во Кина, притоа порачувајќи "не ми пречи што имаме различни ставови. И ние не треба да бараме да се откажеме од нив или да ги скриеме под тепих, туку наместо тоа треба да сме комфорни да ги дебатираме."
Тој продолжува со помирувачкиот тон, објаснувајќи дека има голема потреба од кинески инвестиции во Америка, и американски инвестиции во Кина, и дека "никој не е цело време во право. Разликите во мислења се здрава работа а дебатата е многу важна, меѓутоа навистина е важно да најде начин она што ни е заедничко да ги надмине разликите во нашите интереси."
По говорот следувала и сесија на прашања и одговори со Клинтон, на која Бил одговара на лични прашања и раскажува за своето детство и влијанието што неговиот вујко го имал врз него, кој според поранешниот претседател е "најпаметниот човек што го сретнал во своето семејство. Верувам дека имаше коефициент на интелигенција од 180 или повеќе. Имаше само 6 години образование ама беше зачудувачки брилијантен."
"Во моето семејство кога си дете, немаш право да раскажуваш приказна се додека не докажеш дека можеш да ислушаш приказна. И вујна ми, вујко ми, дедовците и бабите, ќе ме погледнеа и ќе ме прашаа, Бил го слушна ли ова? И ќе им кажев, да. Дали го разбра тоа што го слушна? Мислам. Што слушна? И тогаш требаше да станеш и да раскажеш што си слушнал. Мислам дека ова повеќе не се случува.
Мислам дека затоа бев избран за претседател," објаснил Клинтон околу неговата способност да ислуша други луѓе.