Диференцијалу екбер!

Жена во авион гледа чудак како чкраба нешто непознато на хартија. Се ибезумува, мисли дека е терорист, драма. Нешто подоцна се открива дека пишуванките се диференцијални равенки, а човекот економист.

Време кое ѝ е потребно на полицијата да направи разлика меѓу терорист и професор по економија: два часа. Толку траел прекинот на летот Филаделфија  - Сиракуза откако биле алармирани безбедносните служби заради пријава на терорист меѓу патниците. 

Го пријавила жената која седела до него откако забележала дека тој посветено пишува некакви мистериозни содржини. До толку се уфилмала што го пријавила сопатникот скришум подметнувајќи ѝ на стјуардесата порака напишана на лист хартија.

Авионот не ни полетал бидејќи набрзо дошле агенти и го притвориле човекот а од возбуда пресовесната граѓанка паднала во несвест. После два часа утврдиле дека сомнителниот се вика Гвидо Менцио и е вонреден професор на Универзитет кој решил времето да го крати решавајќи диференцијални равенки.

Затоа, судоку. 

11 мај 2016 - 14:10