Иако првично намерата беше да се менува Хамилтон од 10-доларката, заради неговата новостекната слава изборот падна робовладетелот Ендру Џексон.
Лев нагласува дека иако Џексон се трга од предната страна на 20-ката за да направи простор за Тубман, сепак во редизајнот ќе има негова слика на задната страна. На задната кај десетката ќе биде додадена "слика од историскиот марш за правото на глас, кој заврши на скалите на Државната благајна." Сликата ќе опфати и повеќе лидери на ова движење.
До пред некој месец, беше завршена работа дека промената ќе биде на банкнотата од 10 долари. Промената на одлуката следува по премиерата на мјузклот Хамилтон на Бродвеј, кој од тогаш се претвори во културолошки феномен, и создаде движење кое успеа да го задржи Хамилтон на 10-ката.
Иако на прв поглед изгледа како победа, групите за права на жените не се задоволни бидејќи експертските очекувања се дека новата банкнота ќе биде широко распространета дури во 2030-та.
Конечниот редизајн на валутите ќе биде прикажан во 2020-та.
Тубман, родена како робинка, успева да избега од својот господар и во американската Граѓанска војна станува шпион за Северот. Таа извршува десетина мисии во кои спасува околу седумдесетина робови од нејзиното семејство или пријатели.