Неколку стотици приврзеници на Берни Сандерс се собраа пред хотелот во кој се организираше донаторска вечера за кампањата на Хилари Клинтон, организирана од познатиот инвеститор со иранско потекло Шервин Пешавар а едни од домаќините беа Џорџ и Амал Клуни.
Со тропање по тавчиња и тенџериња, пртеостантите пробаа да ја пренесат својата порака против претенциозноста на гала вечерта за која најевтината влезница чинеше 33.000 долари а ВИП местата (за вечера кај Пешавар дома) десетпати повеќе - 354.400 долари за столче.
"Во стартапите ти продават соништа само за да можат после да извлечат од тебе 80 работни часа неделно. Во реалноста, инвеститорот го контролира целиот капитал, целиот твој труд и сите одлуки се во негови раце," вели еден 28 годишен софтверски инженер кој протестираше пред хотелот Фермонт.
Пешавар на сличен начин собираше пари и за повторниот избор на Барак Обама но тогаш не му се случија протести. За прескапите билети за донирање во кампањата на Клинтон проговори и Берни Сандерс кој се потпира на мали донации кои имаат поставен лимит. Според него, ваквите суми се безобразни. Демонстрантите сметаат дека големите донации се зачеток на корупцијата. "Тој што ќе даде 350.000 долари, сигурно ќе очекува некоја противуслуга", вели еден од нив.
"Колку и да заработуваме, ние сепак сме работници," вели демонстрант кој смета дека инвеститорите а не пристојно платените луѓе во овој сектор се причина за тн гентрификација, урванистички процес на поскапување на цените на недвижностите што ги принудува на преселба семејствата со помали приходи.
Сепак, во рамките на секторот Берни подобро стои со донации отколку Хилари Клинтон. Тој од ИТ секторот досега добил 3,2 милиони долари донации наспроти 1,5 милиони долари колку што влегле во кампањата на Клинтон.