Посмртницата за една 68 годишна Американка тврди дека таа попрво умрела отколку да гласа или за демократскиот кандидат Хилари или за републиканскиот Трамп.
"Соочена со изборот да гласа или за Трамп или за Хилари, Мери Ен НОоланд од Ричмонд реши наместо тоа да замине во вечната љубов кон Бога во недела, на 15 мај 2016, на свои 68 години," пишува во посмртницата.
Нејзиниот сопруг со кого била во брак цели 48 години објасни дека таквиот вовед го напишал нивниот син, за да го долови духот и смислата за хумор на својата мајка.
Вашингтон Пост уште во ноември годинава забележа дека овој изборен циклус го следат невообичаено голем број читуљи со политички коментари при што по бројност предничат оние кои се против Хилари.