Во еден од последните примери, на Британец, цивил, без некаква политичка заднина или агенда, му пука филмот околу сите лаги што се кажуваат во дебатата за мигрантите и решава сам од свој џеб да закупи оглас на цела страна во национален весник за да им објасни на граѓаните во што е проблемот.
Тој плаќа простор во весникот Метро, во кој на графикон е прикажан односот на имигрантите, 330 илјади нови годишно, наспроти остатокот од населението, 64,6 милиони. Таму пишува:
"Зошто не можеме да поднесеме годишен раст на популацијата од 0,5 проценти? Дали е во прашање голем број мигранти или неуспех на владата?
Платив од свој џеб затоа што не можам да слушам глупости за имигрантите. Гласајте за или против, на вас оставам, но направете го тоа потковани со факти а не со стравови.
Со среќа гласањето!
Поздрав,
Лоренс Тејлор... само да знаете дека ако гласаме за напуштање на ЕУ, и притоа сакаме да имаме пристап до слободниот пазар (кој сочинува 40% од нашиот извоз, мислам) мора да ја прифатиме и слободата на движење на луѓето. Можеме да пробаме да преговараме за поинакви услови, но колку би било тоа успешно, дали верувате дека тоа би било успешно, имајќи го предвид тоа дека сите, вклучувајќи ја и Норвешка ги имаат истите услови. Ок, тука ќе застанам. Само сакав да ми се исплатат парите :)"