Разно

Науката тера на инает

Економист од Јеил последнава деценија студира како користењето на разумни аргументи влијае на гневот и фанатичните уверувања. Заклучува дека влијае. На тој начин што помага гневот секогаш да победи.

Годината на евроскептикот

Годинава кулминацијата во ЕУ се случи на 23 јуни, кога британските гласачи одлучија дека сепак сакаат обидот за обединување на Европа да го пројдат на трибините. Не дека пред и после тоа Унијата не беше растурена со удари од сите страни.

Од нивна уста во ваши уши

Како годината ја видоа некои светски лидери и битни државници. Не им е лесно на таквите. Клучниот проблем со лидерството е што човек не е сигурен дали го следат или го бркаат. 

Најдобри за 2016 според сите

Најдобри филмови, најдобри книги, најдобри албуми и најдобри песни, добиени како просек од сите (што дошле при рака) топ 10 листи за 2016 објавени периодов.

Зошто на толку многу луѓе им недостасува СССР?

Сојузот на Советски Социјалистички Републики официјално престана да постои на 26 декември 1991. Црвеното знаме со срп и чекан дента беше спуштено пред Кремљ во 19:32. Во рок од половина час, на негово место беше издигнато црвено-бело-синото руско знаме.

Што ќе работи Обама по 20 јануари?

Или ќе се накрцка пари од говоранции и мудрувања како Бил Клинтон или ќе си приушти време за некое хоби како Џорџ Буш со своите акварели. Или двете.

Сега и либерална Америка почна да се вооружува

Досега водено како главно обележје на десницата, и тоа посебно на нејзиниот крајно неразумен дел, поседувањето оружје стана сè позачестено и за левиот дел од Америка под сосема разумното оправдание дека по изборот на Трамп, тие се подготвуваат за колапсот на општеството. Освен главниот лик, алибито е верна копија на тоа што десницата го збореше последните 8 години.

Неподносливата леснотија на наоѓањето фашизми

Прелесното расфрлање со поимите фашизам и фашисти доведува до нивна инфлација - колку повеќе ги има во оптек, толку помалку вредат или нешто навистина значат. Наместо прецизна вредносна содржина, се добива обична навреда која зачестено служи за дисквалификација на политичките противници. А има нешто примамливо и во тоа што кога ќе го прогласиш противникот за фашист, во своите очи автоматски стануваш антифашист.

Русите се криви!

На социјалните мрежи се појави хаштагот #RussiansDidIt, кој Руска реч го објаснува како „три едноставни збора што помагаат да се извадите од која било непријатна ситуација“.

Икеа до тинејџери: Дај бе дома спијте си

Летово двајца тинејџери снимаат видео како преспиваат во Икеа, видеото прво добива над 1,5 милиони прегледи на Јутјуб, а потоа и дузина следбеници, тинејџери, кои го копираат нивниот пример.

Во Алепо нема партизани

Во западните извештаи од Алепо нема да ги сретнете имињата на групите што се борат против војската на Башар Ал Асад. Во тие извештаи сите тие ќе бидат означени како „бунтовници“, небаре се Титовите партизани што со храброст и пожртвуваност ја ослободија Југославија од нацистите. А не се.

Тифани и ко. версус барикадите и Трамп

Една од најлуксузните продавници во Њујорк, Тифани, е лепенка со една од моментално најобезбедуваните згради во Њујорк, Трамп тауер. Ова само по себе значи многу полиција и многу барикади, а ништо од овие две работи не е ни најмалку луксузно.

Приказната за Евреинот што беше причина за Кристалната ноќ

На 7 ноември 1938 17-годишниот Хершел Гринспан влегува во германската амбасада во Париз и со пет истрели го убива дипломатот Ернст вом Рат. Ова беше алибито за на 9 ноември паравоените нацистички единици и цивили во Германија да ја спроведат Кристалната ноќ, во која се убиени 91 Евреин, а над 30.000 Евреи се уапсени и затворени во концентрациони логори.

На Елон Маск му се копа

Човекот што веќе сериски произведува електричен автомобил (и комплетно ја поремети автомобилската индустрија), го направи најефикасниот и најдобар систем за собирање сончева енергија, направи соларни керамиди, работи на вселенска ракета за повеќе употреби и работи на хиперлуп-технологија, рано во саботата објави дека сега му се копа под земја и му се прават тунели.

Русија: Или покажете докази дека сме хакирале или тишина

Откако по новинари, експерти, ЦИА и разузнавачи, дојде ред и Обама да каже дека Москва стои зад хакирањето на мејловите на демократите, портпаролот на Путин порача дека САД мора или да покаже докази за тоа што го збори или да прекине.

Како Епл решава проблем со батерија

Ветуваа дека нивниот Мекбук Про ќе држи 10 саата без полнење. Откако корисниците масовно увидоа дека батеријата им трае едвај 3 часа, компанијата реши да го реши проблемот така што - нема да го реши.

Трамп потег на денот

Во средата на средбата меѓу првите луѓе на американската технолошка индустрија и Трамп, во последен момент е „шутнат“ првиот човек на Твитер. Причина - за време на кампањата одбил да му одобри емоџи на Трамп.

Дали битката со расизмот ги прави расистите поголеми расисти?

Ако сакаш некој сигурно да се опседне со мислата на, на пример, нутела, само кажи му „во следните две минути те молам не мисли на нутела“. Е, исто и ако на луѓето им кажеш да не мислат како расисти.

Добро е ова демократија, ама не е за нас

Народот во Русија и останатите поранешни републики на Советскиот сојуз е сè помалку ентузијастички настроен кон демократијата и слободниот пазар, покажува новата студија на Европската банка за обнова и развој.

Руската писателка што е идол на Трамп и луѓето од неговата администрација

Ајн Ранд родена во Санкт Петербург, мажена и умира во Њујорк, е еден од водечките американски гласови за идејата дека во општеството има "создавачи" (во смисла богаташи) и "зимачи" (во смисла сиромашни и социјални случаи), a "зимачите" се паразити кои само им стојат на патот на морално-супериорните иноватори, зборови што ни самиот Трамп, ниту па неговите колеги, не би можеле подобро да ги смислат.

Ја имаме мајка ти

Уморни од малтретирањето на локалниот нарко картел, граѓани на едно мексиканско гратче ја киднапирале мајката на главниот бос.

Зошто гневната бела Америка падна на Путин?

Она што Американците го водат како - Русија се мешаше и ги намести изборите за Трамп, во пракса е обвинување дека руски хакери нелегално стекнале доверливи информации од мејловите на демократите, па им ги дале на медиуми да ги објават. Проблемот е што како никогаш до сега ова не им пречи на дел од Американците, посебно на оној дел што гласаше за Трамп.

Како Британците зборуваа за брегзит

По брегзит, главното прашање на "остануваме" кампот беше - како се случи ова. Сега една масовна анализа на повеќе од 3 милиони британски твитови покажува дека ниту спасувањето на националниот здравствен систем, ниту суверенитетот на земјата, туку имиграцијата била главната тема која го натерала британскиот гласач да избере напуштање на Унијата.

Дали ја убивме уметноста на сатирата?

Два збора кои се прогласени за зборови на годината укажуваат не само на тоа како живеевме последниве (скоро) 365 дена, туку и што нè очекува во иднина. Едниот е „пост-вистина“, а вториот „снегулка“. Комбинирани, тие отсликуваат атмосфера која не е баш благопријатна за критика и аргументирање со факти, a сатирата се сведува на лажни вести-јадици за кликови на интернет.