1. Кутриот руски амбасадор во Турција, Андреј Карлов, беше убиен пред луѓе на фото изложба од Тирана, од радикализиран полициски службеник.
2. Истиот ден, 56 годишниот дипломат Петр Полшиков бил застрелан мртов на лице место во својот апартман во Москва. Пиштол бил најден под лавабото но тоалетот но истрагата сè уште не се произнела.
3. Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, почина минатата недела во Њујорк. Од канцелариите на руската мисија во ОН бил префрлен во болница, откако доживеал инфаркт, гласеа првичните извештаи.
4. Рускиот амбасадор во Индија Александар Кадакин почина на 27 јануари "по кусо боледување."
5. Рускиот конзул во Грција, Андреј Маланин беше најден мртов во својот апартман во Атина на 9 јануари. Грчката полиција соопшти дека немало знаци за насилно влегување но најави дополнителна истрага.
6. На денот на американските избори, рускиот дипломат Сергеј Кривов беше најден на под на рускиот конзулат во Њујорк, мртов, со скршен череп. Првичните полициски наоди велеа дека паднал од кров но руските служби се повикаа на срцев удар.
7. Поранешниот шеф на КБГ, Олег Еровинкин, за кој постоеја сомневања дека се плеткал околу досието на Трамп беше најден мртов на задните седишта на својот автомобил. Тој му беше топ соработник на заменик премиерот Игор Сечин кој сега е на чело на државниот Роснефт.
Нешто порано: во ноември 2015 година, високо позиционираниот советник на Путин и истовремено основач на медиумската компанија РТ, Михаил Лесин, беше најден мртов во хотелска соба во Вашингтон. Руските медиуми повторно оперираа со срцев удар иако наодите упатуваа на видливи повреди.
Нешто подетални се случаите до екс кагебеовецот Александар Литвиненко кој во 2005 беше отруен со радиоактивен полониум и со свиркачот Александар Перепилични кој шест години подоцна почина од токсин вбризган додека џогирал во Англија.