На најзафатениот британски аеродромот, Хитроу, лани имало за 25% повеќе инциденти со ласери во однос на претходната година. Иако се работи за навидум банална занимација, познавачи велат дека центрирањето ласерчиња кон пилотите во моменти кога полетуваат или слетуваат е опасна работа и прашање е на ден кога од играчка ќе стане плачка.
Хитроу е највознемируваниот аеродром во земјата по кој следува оној во Глазгов во кој лани двојно се зголемил бројот на ласерски инциденти.
„Што мајка бара човек да се шета со ласерче во џеб ако се знае дека со него може трајно да го повреди пилотот?“ праша шефот на регулаторот на авионскиот сообраќај барајќи да биде строго казниво дури и самото поседување на овие ласерчиња кои се продаваат на секој ќош а во меѓувреме стануваат сè посилни и попрецизни.
Министерството за транспорт најави дека ќе ги заостри казните па за ваквите занимации, освен дебела казна ќе може да се пресудува и затвор.
За првпат пилотите пријавија реметења со ласерчиња во 2004 година. До 2008-ма имало по 200 вакви инциденти, а од почетокот на 2011 нивниот вкупен број изнесува околу 1.500.