"Тој ретко зборува логично, и нагласува само една страна на работите како таа да е апсолутна вистина. Има многу моменти кога се сомневам дека фактите во неговите наводи се неточни," објаснува професорката од токискиот универзитет за странски студии.
Во неверување од тоа како Трамп ги игнорира логиката и фактите, и колку невнимателно користи сексистички и расистички забелешки, преведувачите се пред професионална дилема - дали треба да ги "пречистуваат зборовите на контроверзен говорник"?
Освен дилемата околу "пречистувањето" говорот на Трамп не е им е проблем за преведување затоа што "полн со повторување, лесна граматика и основен речник". Студија на неговите говори, од Карнеги Мелоун Универзитетот покажува дека неговото лексичко богатство е на ниво на 7-оделенец, и е пониско од секој негов против кандидат или поранешен американски претседател. Кај граматиката само Буш помладиот бил полош од него.
Проблемот најчесто се јавува кога Трамп зборува без напишан говор, "од ракав", затоа што американскиот претседател често скока од една тема на друга, и "прибегнува кон навреди и вулгарности". Според Мивако Хаиби, телевизиска преведувачка повеќе од 20 години, "многу е тешко да се следи логиката на Трамп - или немањето на истата - посебно неговата тенденција да споменува лични именки, вон контекст".
Една поранешна преведувачка, која заради слични проблеми по 20 години кариера си дава оставка и станува професор на Риккио универзитетот во Токио, е со став дека работата на преведувачот е да преведува, а не да разубавува или надградува.
"Ако некој не е логичен, нема ни ти да бидеш логичен. Ако неговиот јазик е груб, тогаш така и ќе го преведуваш," објаснува Кумико Торикаи.
Околу јапонскиот: