Трамп прогласи крај на мултилатеризмот

Постојат околу 300 меѓувладини организации и околу 45.000 меѓународно активни невладини организации. Неодамнешното повлекување на САД од шеесетина ентитети и договори - кои се фокусираат главно на климата, миграцијата и работната сила - е огромен и битен чекор. Во сите нив Американците имаа клучна улога. Без главниот штеп, кројката на мултилатеризмот ќе се распара.

Некои земји можеби слепо ќе го следат Трамп и излегувањето на САД од меѓународни организации, други можеби само ќе ја разводнат енергијата што ја трошат таму, меѓу другото и од страв од реакција на американскиот претседател.

За време на првиот мандат на Трамп, Америка го напушти Климатскиот договор на ОН, заедно со неколку други меѓународни договори, вклучувајќи го Транс-Атлантското партнерство, УНЕСКО, Советот за човекови права на ОН и други.

Но, овие немаа најголема тежина во суштината на мултилатерализмот. Последната рунда излегувања е различна бидејќи веќе се гледаат ефектите. Беше објавено дека САД ќе бидат ослободени од договорот на ОЕЦД за утврдување на глобален минимален корпоративен данок од 15%. 

Истото важи и за другите договори од кои се повлекуваат Американците. Ако САД се откажат од една меѓународна организација, ќе се случи една од две работи: или самата кауза ќе згасне, или некој друг ќе ја преземе контролата.

На пример, Саудиска Арабија се појави како еден од големите играчи на самитот COP30 во Белем, Бразил.

„Некој можеби се надева дека повлекувањето на САД од меѓународната сцена би отворило можност за Европејците. Но, тие не се во позиција да ги пополнат празнините. Не само што не сакаат да го налутат лидерот на САД, туку не се ни доволно обединети“, пишува Волтер Мунчау.

Џо Бајден поништи некои, но не сите, од првите заминувања на Трамп. Тој повторно влезе во договорот за климата и ги поништи излегувањата од СЗО и УНЕСКО.

Како прво, ниедна организација не може да продолжи да функционира ако нивниот најголем член постојано влегува и излегува. А републиканците во просек се позаинтересирани да ги напуштат овие организации отколку што демократите се заинтересирани повторно да влезат во нив.

Прекинот на мултилатерализмот е бавен процес, исто каков што беше и неговото градење. На ниво на овие организации се извршува многу скриена работа. Администрацијата на Трамп неодамна воведе забрана за виза за пет Европејци, вклучувајќи членови на германската невладина организација „Hate Aid“, непрофитна организација која ги следи дигиталните дезинформации. Таа е призната од ЕУ како тн доверлив етикетичар и има огромно влијание врз тоа што може, а што не може да се каже. 

Ваквите „невладини“, во мултилатералниот свет имаат полуофицијални владини функции, но не одговараат пред гласачите.

 

 

 

10 јануари 2026 - 17:04