На листата на фактори што чекаат да те убијат како пушење, холестерол, висок крвен притисок, во 2015 на петто место се најде загадувањето на воздухот со над 4,2 милиони луѓе кои умреле предвремено заради загаденост претежно од "горење јаглен, електрани и домашно греење".
Околу половина од овие предвремени смртни случаи отпаѓаат на Кина и Индија. (Терминот "предвремени смртни случи" значи умирање пред просекот на животниот век во земјата.) Додека Кина почнува да се стабилизира околу ова, во 2015 има само околу 10.000 смртни случаи повеќе отколку во 2010, во Индија разликата е над 133 илјади.
Наспроти Кина и Индија каде воздухот станува се полош и полош, Русија, ЕУ, Индонезија, Јапонија, Бразил и САД имаат постојан раст на квалитетот на воздухот.
Извештајот доаѓа од бостонскиот Институт за здравствени ефекти и вашингтонскиот Институт за медицински метрики и евалуација. Двете групи го работат и интерактивниот сајт Состојба на глобалниот воздух.