Од речиси 9 милијарди евра суфицит на крајот од 2016, 4 милијарди се од преголеми уплати на данок од физичките лица.
Ваквата галантност на шведските даночни обврзници е инспирирана од воведувањето на негативна каматна стапка од -0,5% за штедните влогови во банките (во основа наместо да ти плаќа банката камата за парите што ги чуваш на сметка, ти и плаќаш за да ти седат во банка).
Вториот дел од приказната е што ако Швеѓаните уплатат вишок данок по закон можат да сметаат дека државата ќе им ги врати парите плус камата од 0,56%.
Негативните камати своевремено беа воведени за Швеѓаните да се натераат да ги извадат парите од банка и да почнат да ги трошат, што ќе ја помогне економијата во земјата. Оваа пракса константно е критикувана и во Шведска и надвор од неа, како крајно неуспешна.