Животните трошоци под Исис

Се проценува дека Исис има изгубено 30% од приходната страна на својот буџет а во меѓувреме останаа и без околу 3 милиони даночни обврзници кои се расрпснаа по светов. Како и секоја власт во таква ситуација, и таа реагираше со зголемување на давачките. Еве колку наплаќаат за комуналии, казни и даноци.

НЕПРИФАТЛИВО ОДНЕСУВАЊЕ


$5 - Неправилно носее на традиционалната облека

$25 - Носење тесна наметка

$10 - Жена со откриени очи

$30 - Жена без ракавици

$46 мажи и $23 жени - поседување кутија цигари

$25 - Пушење

$100 и 80 удари со камшик - Поседување алкохол

$50 i 50 удари со камшик - Конзумирање алкохол

КРШЕЊЕ НА ЗАКОНИТЕ

$46 - Фалсификување лична карта

$5 - Неносење лична карта

$43 - Автомобил без официјални таблички

$25 - Возење во погрешна насока

$800 - Излегување од градот Рака

Одземање на имотот - Невраќање во Рака во рок од 15 дена

ОБРАЗОВАНИЕ

$22 - Упис во основно училиште

$65 - Упис во средно училиште


ЗЕМЈОДЕЛСТВО


$46 годишно + 10% од приносите - Хектар обработлио земјиште

Конфискација - Овци со ѕвонца

КОМУНАЛНИ УСЛУГИ

$18 месечно - Електрична енергија и вода за домаќинство

$90 - $180 (зависно од големината и локацијата) - Електрична енергија за деловни субјекти

$2 - Ѓубретарина за домаќинства

$23 - Ѓубретарина за трговии

17 февруари 2017 - 15:14