Разно

Германската влада стана пребирлива кој сè може да убива со нивно оружје

Германскиот производител на оружје Хеклер и Кох повеќе нема да потпишува договори за испорака на оружје на земји што не се членки на НАТО, а и на некои што се.

Марокански совети за тепани жени

Државната телевизија на Мароко во една од своите општествено корисни програми демонстрираше "како жените да ги покријат модриците со шминка и да продолжат со секојдневниот живот." Реакцијата на емисијата беше баш како што ја замислувате.

Лекција по Кастро за Бибиси

Новинарка на Бибиси по повод смртта на Кастро разговара со експерт на тема Куба. Разговорот го почнува со веќе спремната компилација "диктатор, човекови права, прогон, слобода на говор" и слични клучни зборови што стандардно го проследуваат Кастро во западните медиуми.

Што интересен термин: Западна пролет

По арапската доаѓа време и за западна пролет, сметаат аналитичари во време во кое сè уште не може да се дижестира победата на Трамп и што таа значи за слободарскиот западен свет каков што досега го знаевме. Кованицата допрва почнува да се формира и полни со содржина но, се тркала наоколу....

Фидел Кастро: Ок, толку од мене

Ако мачката има 9 животи, тогаш Фидел штотуку ја потроши својата 70-та мачка. Се вели дека кубанскиот револуционер преживеал 634 атентати. Ги надживеа сите свои смртни непријатели освен еден - капитализмот.

Пицагејт, најневеројатната теорија на заговор околу Хилари

Сценариото е следно: објавените мејлови на Хилари откриваат постоење на тајно здружение на педофили чие седиште е пицерија во Вашингтон која се поврзува со блиски соработници на кандидатката за претседател. Бонус во приказната: Асанж (кој не е виден во јавност од октомври) најверојатно е убиен заради објавување на веста.

Британија ќе цензурира видеа со "неконвенционален" секс

Пуританскиот дел од Британија е на праг да извојува голема победа ако пројде предлогот за забрана на видеа со неконвенционален секс. Да се објасниме директно: освен оние фетиш порничи, спенкувања и слично, во тоа би спаднала и познатата категорија "four fingers". Замислете вие држава да ви се меша колку прсти можете да употребувате во секс. 

20 големи идеи што треба да создадат подобра иднина

Бибиси минатата недела во Сиднеј организираше прилично амбициозен собир со подеднакво амбициозно име "Самит на идеи што ќе го променат светот" на кој говорници од цел свет предлагаа свои идеи за подобрување на животот на планетава. Исходот, ова е она кога ќе кажат "смисли нешто паметно".

Трамп го чини Њујорк 1 милион долари дневно

Обезбедувањето на Трамп додека е во Њујорк и чека да биде инаугуриран за претседател, ги чини градските власти нешто над 1 милион долари дневно. Добра вест за буџетот на градот е што за неполни 3 месеци Трамп се сели во Вашингтон. Лоша вест е што Меланија нема да оди со него.

Кратка приказна за социјалниот случај Конор Мекгрегор

Во 2006 на 17 години, Конор Мекгрегор се вработува како чирак водоводџија. Во 2007 ја има првата аматерска ММА борба. Во 2013 пред првата борба за УФЦ тој го подига месечниот чек од социјално.

Како најконтроверзниот човек на Трамп направи милионски џепарац од Сајнфелд

"Јас не сум бел националист, јас сум националист. Економски националист", вели Стив Бенон, креаторот на победничката кампања на Трамп кој уште сега се смета за вториот најмоќен човек во поставата на идната Бела куќа. Човекот има пари направено со помош на истите оние кои ја поддржаа наизменичната струја на Тесла.

Камерон најде начин да ќари на Брегзит

Не би бил политичар ако не би му текнало како и својот најголем пораз да го претвори во лична корист. Дејвид Камерон наплаќа 120.000 фунти за едночасовен говор за Брегзит. Тоа се 2.340 евра за минута.

Каде завршува Шенген?

По сите војни, освојувања и примирја географски Европа е дефинирана од Урал, Арас, Гибралтар и Босфор. Историски Европа се дефинира како цивилизација изградена на римското право и христијанството. По Шенген Европа се редефинира 8 пати.

Божјите заповеди се приватизираа

Најстариот познат камен запис на 10-те божји заповеди отиде на аукција и тоа доволно говори за светот во кој живееме. Почнале од 300.000, купено за 850.000 долари. Господ засега се нема јавено за авторски права, а и да се јави, најверојатно ќе изгуби по судовите.

Кога гласачите на левицата и на десницата ќе ѕирнат во профилите на „другата страна“

Не се работи само за тоа да влезеш во нечиј туѓ фејсбук профил. Се работи за влез во туѓа реалност, која не си ни знаел дека постои.

Зошто Хилари Клинтон изгуби

Самата Хилари верува дека за поразот е виновен Џејмс Коуми, директорот на ФБИ кој на само неколку дена пред изборите го извести Конгресот дека повторно ја отвора постапката против неа. Според луѓето од нејзината кампања причината е "збир неконтролирани ветрови во гради". Добар дел од демократите за ова ја обвинија нејзината кампања и стратегијата.

Бунтот на размазените

Откако компанијата New Balance го поздрави доаѓањето на Трамп, сопственици на нивни патики почнале театрално да ги горат и по интернет да ги шират таквите револуционерни фотографии. Некои модели на New Balance чинат и преку 500 долари.

Не е само да победиш на избори

За нас не е вест кога мртви луѓе гласаат. Вест е кога мртви луѓе ќе бидат изгласани. Е, тоа уште сме го немале. 

Трамп во најава

Изборите во Америка можат да се пренесат со една добра и една лоша вест. Добрата е што Хилари изгуби, лошата е што Трамп победи. Но, ниту Трамп падна од небо, ниту пак Хилари изгуби случајно. Мало пакетче од статии, анализи, мислења и интервјуа кои ги пишувавме на сајт додека едноклеточните организми се нервираа "кај ни е Пржино". Но, тие се нервираат и кога пишуваме за Дилан, така да, небитни.

Изборна фискална

Во земја во која се јасни финансиите, лесно е да се види колку чинеле гласовите. Клинтон боље у ТАТ да ги ставеше парите.

Гаокао, најтешкиот приемен на светот

Тинејџерите во Кина го минуваат најубавиот период од животот под огромни стресови, подготвувајќи се за приемен испит за на факултет. Оние кои успешно ќе го положат можат да очекуваат исти такви кариери, па дури и поатрактивни брачни партнери. За оние кои ќе кикснат, тоа обично значи запечатување на социјалната судбина.

Осигурување за лузери

Италијанец во изминатите 12 месеци купува 255 грепки од лотарија. Не му се паѓа на ниту една од овие 255 грепки. Крајно решение, оди на суд за да ја тужи лотаријата. Затоа што е Италија, ја добива лотаријата на суд.

Америка, мајка бежанија

Четвртина од Американците се закануваат со селење од земјата во случај на изборите да победи Доналд Трамп. Но, така викаат на истражувања на јавно мислење. А според фактите, токму во мандатите на Барак Обама рекордно пораснал бројот на Американците кои побарале друг пасош. Стивен Сигал знае за тоа.

Со три телевизори, а без храна

„Да живееше Емануел во Алепо, неговата мака и очај можеби макар накратко ќе добиеја простор во некоја од предизборните дебати. Но, Емануел останува невидлив бидејќи живее во домашната ничија земја на сиромаштија, дроги и безнадежност“, пишува Њујорк тајмс. Читајте глобално, мислете локално.