Разно

Пропадна божјиот план за ХААРП-от

Во јужна Џорџија се уапсени две лица што планирале да упаднат во плантажата на ХААРП-от на Алјаска и да ја дигнат во воздух целата инсталација, за да ги спасат заробените души. Работеле под директни инструкции на Господ.

Што сè влијае на твојот глас на избори

Без разлика на успешноста на нечија изборна кампања, се до самиот крај одлуката за гласањето е под влијание на најразлични, често пати ситни, уште почесто потсвесни склоности, што се вон сечија контрола.

Како Америка треба да го искористи својот статус на суперсила?

Идејата за автомобил без возач е одлична како концепт и има огромна поддршка, ама кога ќе влезеш во таков автомобил прво нешто што ќе побараш се волан и кочница, за секој случај. Е па, истото важи и за свет без возач / суперсила.

Државата што се откажа од правење долгови

Ниуе е една од оние пинцурски острови држави во Пацификот со вкупна површина од 260 километри квадратни и популација помала од 2.000 луѓе. Неодамна владата на земјата и овие неполни 2.000 жители успеаа да го отплатат својот долг кон странство од 4 милиони долари, по што ветија дека никогаш повеќе нема да се задолжуваат.

Уапсена девојката со фотошопираните зелени очи

На оваа Авганистанка фотошопот два пати ѝ се замеша во животот, во обата случаи на судбински начин: после првиот пат стана глобално славна, после вториот пат ќе биде локално затворена.

Студена војна 2.0: како Русија и Западот се вратија во времето

Многу пати нè лажеа, ни носеа одлуки зад грб, нè ставаа пред свршен чин, ова се случуваше со проширувањето на НАТО на исток, и со поставувањето на воена инфраструктура на нашите граници, порача Путин во 2014, на говорот по руското анектирање на Крим од Украина. За генералите на НАТО во Белгија, ова е моментот кога сфаќаат дека почнува Студената војна 2.0.

Чешки аргумент против менување име

Шест месеци откако Чешка, без никој да ја замара и да и кенка, од ведро небо реши да го смени сопственото име чисто заради препознатливост на брендот, властите воочија дека никој не им го користи новото име - Чехија.

Американски десант на Исланд

Комбинацијата на пустелија, арктичка егзотика, одлични кадри за Инстаграм и прилично мирољубива и богата држава, се покажа добитна барем за туризмот на островот.

Вицовите на Путин

Хрватскиот претседател Месиќ своевремено беше цар за вицеви. И Владимир Путин обожава да ги кажува ама најсмешно од сè е кога е видите колку Ангела Меркел не е импресионирана од нив.

Италијанската мафија како бутик за антиквитети крадени од ИСИС

Во изминативе години на југот од Италија се случува неприродно сојузништво во кое италијанската мафија почнува да соработува со ИСИС, најчесто на замена на сандаци со Калашникови за сандаци со антиквитети.

Хилари треба итно да си ја смени фацата

Кога е сериозна изгледа како префригана кучка. Во последно време пробува да ја нуди "насмевката на баба" за да го ублажи таквиот впечаток но не ѝ оди најдобро. Просто, на Хилари насмевка ѝ стои како фрак на Стивен Хокинг. 

Што стои зад повикот Русите да ги вратат децата во татковината

Со голема помпа деновиве беше известено дека Путин побарал од Русите кои имаат деца на запад да ги вратат во земјата. Небаре само ги чека да излезат од Лондон за да фрли нуклеарка врз градот.

Според Жижек, Трамп е центристички либерал

Живописниот словенечки филозоф вели дека ако се отстранат неговите сексистички и расистички провокации, политичката суштина на Трамп и не е така лоша.

Пиратите на сибирските мамути

Мало покачување на глобалната температура и голема упорност на локалците, се двете движечки сили зад треската по коски од мамути што моментално се случува на далечниот исток на Русија.

Хилари веројатно ќе биде најомразениот американски претседател на сите времиња

Процената е дека да не беше Трамп од карши, Клинтон речиси сигурно ќе ги изгубеше изборите. Самиот пакет мејлови што Викиликс ги објави месецов е доволен за закопување на демократскиот кандидат, кога републиканците не би го трошеле сето свое време на гасење пожари зад Трамп.

Што треба да признава Нобеловата награда за мир?

Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, е годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир за неговата работа на ставање крај на конфликтот со ФАРК. Различното годинава е што со давањето награда на Сантос се прекинува серијата на признанија за симболичен придонес кон светскиот мир.

Зошто Епл и Гугл се запнати за сончева енергија?

Со многу помалку галама отколку кој било претходен проект, во август Епл доби дозвола за продажба на вишокот електрична енергија што ја генерираат на соларната фарма во Калифорнија купена минатата година.

Каква е врската меѓу Епл, Самсунг и лажичките?

Дизајнерскиот спор меѓу Епл и Самсунг околу изгледот на нивните смартфони го врати Врховниот суд 120 години назад во историјата, кога решаваше за случен случај: дали една лажичка е иста со друга лажичка.

Демократите не требаше да престанат да го слушаат Спрингстин

Да обрнеа малку повеќе внимание на луѓето и судбините за кои пее Брус Спрингстин, Демократите ќе знаеја каде им се изгуби изборната база.

Елон Маск бара "ферка" со индустријата за јаглен

Во интервју за Сиенбиси, првиот човек на една од најголемите компании за производство на јаглен Муреј енерџи корпорејшн, Роберт Муреј, го нарекува Маск измамник затоа што Тесла добил 2 милијарди долари субвенции од државата, а се уште нема направено ни едно пени профит.

82 години по атентатот во Марсеј и сите пропусти на Французите

На 9 октомври 1934 кралот Александар на бродот Дубровник пристигнува на пристаништето во Марсеј каде е дочекан од францускиот министер за надворешни работи Луј Барту и генералот Жозеф Жорж, и уште тука не е исполнет протоколот за дочек на високи гости и покрај тоа што разузнавачките служби веќе имаат информација дека му се подготвува атентат на кралот, пишува авторот на книгата "Атентат 1934", Милан Богојевиќ.

Ризиците на референдумите

За да ви стане јасен целиот ризик на распишување референдум, доволно е да се обидете по дома да спроведете еден за тоа што ќе се руча денес. Веднаш ќе зажалите што сте му ја препуштиле одлуката на народот.

Во Тајланд допрва ќе биде циркус

Актуелниот крал на Тајланд, Рама 9-ти е најбогатиот монарх на светот со богатство кое се проценува на 30 милијарди долари. Проблемот е што Рама, роден 1927, е пред умирачка, а на негово место чека да дојде син му, 63-годишниот принц Маха Вачиралонгкорн, човек со манири како што може да има некој што 63 години е одгледуван како син на најбогатиот монарх на светот.