Додавањето на сок од цвекло во мешавината има двојна функција. Прво, според досегашната пракса, и помага на камената сол да го топи мразот и на температури под -9 Целзиусови степени. Плус, кога се прска пред снежна бура, тенок слој од сокот спречува мразот да се залепи за асфалтот.
Вториот аргумент во корист на сокот од цвекло е неговиот еколошки аспект, тој помага солта да се задржи на улиците и патиштата, да не се раштрка по краевите, а го намалува штетното влијание што остатоците на солта ја имаат врз природата по топењето на снегот. Оваа комбинација исто така е и помалку корозивна отколку останатите мешавини на сол и хемикалија што се користат.
Проценките на градот Ковансвил, кој ја тестира мешавината, е дека новиот метод ќе резултира со фрлање на 30% сол помалку од досегашниот просек.
Зошто солта е ужасно решение: