378 пратеници „за“ и само еден “против“ е резултат од првата фаза на донесувањето на контроверзниот закон со кој некои облици на домашно насилство се спуштаат на прекршочно ниво кое ќе се казнува парично.
Зад предлогот стои ултра-конзервативната депутатка Јелена Музина, веќе озлогласена по нејзиниот успех да го избутка контроверзниот закон за забрана на „геј пропагандата“.
Последнава битка ја започна во јули 2016 кога Путин декриминализираше некои форми на насилно однесување кои не предизвикуваат телесни повреди. Мизулина се запали дека оставањето на домашното насилство во ранг на - по неа - посериозните напади како што е хулиганизмот и насилствата од омраза е анти-семејна политика која ги поткопува "правата" на родителите за воспитни шамарања.
Законските казни не смеат да бидат контрадикторни со системот на социјални вредности на кои се потпира нашето општество. Во руската традиционална семејна култура односот родител-деца се гради врз авторитетот на моќта на родителот, а законите треба да ја поддржат таа традиција", рече лударата.
Според нејзиниот предлог, домашно насилство станува кривично дело само доколку се случи повеќе од еднаш годишно. Во спротивно, може да се среди со парична казна.
Руските официјални податоци велат дека 40% од сите насилни злосторства се извршуваат во рамките на семејството.