Дебелото не е трајно, ама треба потење

Се вика Џеси Гибсон и моментално е фитнес модел кој во своето резиме има достигнување од типот - ослабев 57 кила.

Како последица на се што може да ви текне, Гибсон стига до тежина од 121 килограм, како што обично бива и пука филм, и почнува да слабее. 57 килограми подоцна, таа е фитнес модел.

Прави четири главни промени: откажува цигари, дава отказ на доминантно седечката работа (во телефонски центар), го менува начинот на исхрана и почнува со физичка активност.

"Пресвртот се случи една вечер кога се вратив дома од журка. Не можев да го гледам човекот во огледалото. Вистината беше дека не бев среќна со она што го гледав дури ни кога имав тон шминки, штикли и средена коса. Вотката нудеше некаква утеха, ама од внатре бев очајна," објаснува Гибсон.

Во ретроспектива, таа објаснува дека се здебелила по факултет откако престанала да спортува, се вработила "нон-стоп работев, нарачував храна и лежев." Со промената Гибсон започнува во 2011 кога зема дома да вежба пред да собере храброст да се појави во фитнес клуб.

По слабеење 57 килограми главен проблем на Гибсон е да се докаже по социјални медиуми дека таа е истиот човек од сликите од претходно. Тоа што го гледавте горе е Гибсон со 121 килограм, ова доле е истата она после сето вежбање и пазење на храна:

 

13 јануари 2017 - 12:52