Најголемиот дел од работите што денес ги поврзуваме со Викинзите се сведоштва на нивните жртви и луѓето кои ги поробиле, пред се свештеници чии цркви тие ги ограбиле. Не е дека тие не биле застрашувачки во своите походи, меѓутоа тие креираат и сериозно значајни придобивки за човештвото.
Еден од најголемите успеси на Викинзите е воведувањето на интерконтинентална трговска мрежа, која се шири надвор од римски трговски патишта.
Викинзите исто така успеваат да ги редизајнираат бродовите и за прв пат да преминат преку големите мориња во релативно мали бродови, со кои можат да се укотват на плажите или да пловат низ реки.
Според Томас Вилијамс, авторот на The Tale of King Harald: the Last Viking Adventure, Викинзите го започнуваат и денешниот судир меѓу Западот и Истокот. Тие го населуваат денешен Киев и таму прават кралство. Во 10-от век кралот Владимир Велики од Киев (кој себе се нарекува потомок на Викинзите), одлучува да го прифати христијанството. Тој го одбира православието, наспроти католичката вера.
Наспроти ова меѓу митовите за Викинзите е идејата дека тие биле поуспешни во битките отколку останатите: "Кога можеле тие гледале да избегнат борба. Ако можеш да го добиеш она што го сакаш без да мора да се тепаш, тоа го зголемува вашиот профит, и ги засилува вашите шанси да живеете доволно долго за да уживате во профитот," објаснува Гарет Вилијамс, кураторот на изложбата во Британскиот Музеј под наслов "Vikings: Life and Legend."
Друга заблуда е идејата за погребување на Викинзите во запалени бродови. Единствен запис за ваков погреб е туркањето на бродот со телото на Балдр, нордиски бог и син на Один. "Секако дека ова не е нечие директно сведоштво," објаснува Вилијамс, според кој Викинзите биле закопувани во брод ама на копно.