Освен долгогодишниот стаж, Чозик од блиску ја следи Хилари за време на нејзините кампањи за претседател на САД. Во последниот претседателски обид таа е една од мал број новинари кои за време на кампањата летаат со авионот на Хилари.
Чозик во 2015 е една од првите што ја спомнува можната кандидатура на Џо Бајден за демократски кандидат. Во својата книга „Chasing Hillary: Ten Years, Two Presidential Campaigns, and One Intact Glass Ceiling“ таа пишува дека Бајден неофицијално им се доверил на репортерите од Белата куќа дека сакал да се кандидира за претседател, притоа додавајќи „ама вие не ги разбирате овие луѓе, Клинтонови ќе се обидат да ме уништат.“
Таа пишува дека уште на почетокот тимот на Клинтон во Трамп гледа непријател кој треба да се поддржи и да се охрабри. Целта е Трамп колку може повеќе да се воздигне, и неговиот лик да се поврзе со Републиканската партија. Дури и кога поддршката за Трамп почнува да расте на анкетите, Клинтон и понатаму го смета за опасност за фаворитите меѓу републиканците, меѓутоа не и фаворит.
Во тоа време менаџерот на кампањата на Хилари, Роби Мук, верува дека Рубио ќе биде републиканскиот кандидат, Подеста е уверен дека тоа ќе биде Касич, а Бил и Хилари „заглавени во 1990-те, најмногу се плашат од презимето Буш.“
Еден од најголемите проблеми што ја следи Хилари низ партискиот избор, е како да не им биде толку одбивна на луѓето.
„Една недела пред Трамп да ја добие номинацијата, таа ги прекинува анкетарите на сред збор, додека и го презентираат речиси секојдневниот потсетник дека пола држава не ја сака.
Таа им порачува: ’Знаеш што, уморна сум да слушам како никој не ме сака. Што е целта? И онака нема никогаш да ме засакаат.’
Ова чувство на помиреност околу нејзиното ограничување влијае на цела нејзина кампања,“ пишува Чозик.
Откако ја добива партиската номинација, донаторите се почесто почнуваат да прашуваат што планира кампањата да направи за да ја крене довербата на гласачите во Хилари. Одговорот постојано е „ништо,“ со амандман од Подеста „се сеќавам дека никој не му веруваше на Бил Клинтон, а тој победи два пати.“
Ваквото однесување и атмосфера доведува до видеото во кое Хилари ги нарекува симпатизерите на Трамп „група бедници“. Според Чозик ова не е изненадување бидејќи таа секогаш ги дели симпатизерите на Трамп во 3 кошници:
- Прва, републиканци кои ја мразат и кои би гласале за републиканец без разлика на кандидатот.
- Втора, гласачи чии работни места и егзистенција исчезнале, или како што Хилари ги објаснува „оние кои се разочарани од власта и економијата, и кои чувствуваат дека на никого не му е гајле за нив и што ќе се случи со нивните животи и иднина.“
- Трета, бедниците. Кошница која вклучува „расисти, сексисти, хомофоби, ксенофоби, исламофоби - и што сè не.“
„Бедниците секога измамуваа насмевка во салонските разговори во Хемптонс, на вечерите под отворено нема во Мартас винјард, на закуските во Беверли Хилс, и за време на коктел забавите во Силициумската долина,“ пишува Чозик.
За вечерта на изборите Чозик пишува за депримирана Хилари Клинтон, откако луѓето од кампањата и кажуваат дека е поразена:
„Од сите помошници од Бруклин, Џен Палмиери имаше најпријатни манири, заради што таа беше назначена да и ги пренесува лошите вести на Хилари. Ама не и овој пат. Таа му кажа на Роби Мук дека нема шанси да оди и да и каже на Хилари дека повеќе не може да победи. Тогаш Роби, исцеден и издишан, гледајќи ги резултатите со својот тим во канцеларија нешто подолу од апартманот на Хилари, стапна во ходникот и тргна да и ја каже информацијата.
Хилари не изгледаше нешто посебно изненадена.
’Знаев. Знаев дека ова ќе ми се случи. Никогаш немаше да ми дозволат да бидам претседател.’“
Чозик пишува дека по завршувањето на изборите и поразот на Хилари, продолжил остриот однос меѓу кампањата на Клинтон и Њујорк Тајмс:
„По изборите Бил ширеше уште поапсурдни заговори околу Тајмс: дека сопственикот се спогодил со Трамп да ја уништат Хилари заради нејзините мејлови и да му помогнат да биде избран, ако за возврат тој продолжи да носи сообраќај на сајтот и да ја зголемува вредноста на акциите на компанијата.“
Интервју на Ен-пи-ар со Чозик: