Барањето на ФБИ се чини разумно: двајца убијци сторија масакр врз недолжни луѓе а увид во нивен телефон сигурно би дал вредни сознанија да се расветли овој случај во кој загина 14 луѓе а 22 беа сериозно повредени.
Тим Кук одби да соработува и со отворено писмо ги наведе причините за тоа. Во суштина, смета дека со тоа би се создал опасен преседан во заштитата на приватноста.
"ФБИ можеби користи различни термини за да ја опише алатката која им треба ама сè се сведува на тоа дека на ФБИ им треба софтвер кој ќе ги заобиколи сите безбедносни пречки кои ги имаме поставено и ќе влезе во апарат на наш корисник. Владата може да убедува дека тоа би со користело за ограничен број предмети, но штом еднаш се направи таков преседан, никој неможе да го гарантира тоа, цели Тим Кук.
За Епл, одбраната на приватноста на своите корисници е стратешки битна разлика во однос на другите гиганти како Фејсбук или Гугл кои знаат да оддаваат приватни податоци ако Владата ги убеди дека тоа се прави за добра кауза.