Мислења

Морална економија на долгот

Секој економски крах со себе повлекува и барање за отпис на долговите. Приходите со чија помош требаше да ги вратите кредитите, исчезнаа, додека имотот ставен под залог изгуби вредност. Доверителите го бараат своето, должниците бараат помош.

Генерал Вељко Кадијевиќ (1925-2014)

Последниот министер за одбрана на СФРЈ и началник на генералштабот на ЈНА од 1988-ма до 1992-ра, во неделата почина во Москва.

Зборовите значат

Зборовите значат. Посебно во Иран каде она што е дозволено - да кажеш, да направиш, да бидеш виден дека го кажуваш или го правиш - е работа која постојано се менува.

Путин: Заврши времето за играње

Најголемиот дел на публиката од неанглиско говорно подрачје го пропушти говорот на Путин на Валдај конференцијата во Сочи пред неколку денови, а најверојатно тие од вас што слушнале за говорот немаа шанса да го прочитаат, и ја пропуштија неговата важност. Западните медиуми дадоа се од себе да го игнорираат или да го извртат неговото значење.

Од Мис Стон до ИСИС

"Дали сме сведоци на македонското прашање на 21. век?" е насловот на една интригантна анализа во која се прави паралела меѓу Македонија на почетокот на минатиот век и она што денес се случува во Сирија и Ирак. Шокантни се сличностите во обидите на Запад да ги "реши" овие две прашања, вели авторот.

Старт-ап културата нè враќа во пештера

"Никој не размислува за тоа како ќе изгледа утрешниот свет. Сите чекаме само некоја нова апликација," рече најактивниот астрофизичар на светот во последното свое инспиративно обраќање.

Писма до мене

Не мислам дека сум многу болна, болна сум онака и онолку колку и оние кои ми пишуваат. Главно и тие, то ест вие, и јас, сме турбо надркани суштества. Зошто сме луди? Затоа што сме губитници. ГУБИТНИЦИ.

ОК, значи имам проблем со пиењето

Меган Кестер е стенд ап комичарка од Лос Ангелес. Во една прилика порача дека не само што е достапна за приватни или компаниски забави, туку инсистира на нив. Во интимна и искрена исповед за Вајс, објаснува зошто пишува со една рака.

Зошто да не ги бомбардираме сите муслимани во светов?

Автор на Гардијан ја иронизира "хуманитарната мотивација" на бомбардирање на џихадистите во Сирија и Ирак хиперболизирајќи ја идејата животот да се спасува со бомби.

На Чесите и Словаците подобро им беше заедно

На неколку дена пред шкотскиот референдум за одделување од Британија, поранешниот чешки амбасадор во Лондон има две работи да каже - од распадот на Чехословачка во 1993-та изгубени се многу години, и Шкотите не треба да ја прават истата грешка.

Девојки немојте да бидете како Џенифер Лоренс - штетно е за вашето здравје

Немојте да дозволите ќерките да ви израснат како Џенифер Лоренс. Да, убава е, интелигентна, сензибилна, богата и успешна индивидуа која може да прави што сака со својот живот. Ама таа исто така е женско, што е лошо за менталното здравје.

Божественото лудило на Робин Вилијамс повеќе нема да ја нарушува тагата на овој свет

Маничната енергија на Вилијамс може да се сврти кон деструктивност, подеднакво лесно како и кон креативност. Дали е меланхолично да се мисли дека свет во кој тој не може да живее сигурно е расипан?

Што мислевме, што излезе / Да гледаше Гоце МТВ

Дење лажеме и крадеме, ноќе ги пцуеме политичарите пошто биле лажговци и апаши. Дење ни се стемнува, навечер чекаме да ни раздени. Дење се маваме со говна, навечер се чудиме зошто не мирисаме на каранфили.

Зошто не го критикувам Израел?

Познатиот писател, атеист и филозоф Сем Харис, автор на бестселерот „Крајот на верата" кој помина 33 недели на листата на Њујорк Тајмс,го коментира израелско-палестинскиот конфликт и објаснува зошто изгледа дека ја зазема страната на првиот во дебатата околу Блискиот исток.

Израел треба да е во Германија

Израел и Палестина пак се пукаат. Цивилите пак гинат. Семејствата губат домови, хаосот продолжува. Пак. Ништо од ова немаше да се случува ако Израел беше сместен онаму каде што има логика: Во Германија.

Трофејот кој значеше многу повеќе од освојување на Мундијалот

Триумфалната репрезентација на Германија на Мундијалот е перфектно отелотворување на она како Германија се надева дека ќе биде сфатена - микс од уметност, истрајност, солидарност и индивидуална слобода, пишува германски Велт.

Женски манифест против фудбалот

Малку женско мрчење, малку американска надменост, куп забавни хејтања на тема фудбал и добивате супер интересен текст за читање. Ен Култер, конзервативна коментаторка која е луда кучка за разни теми, а себе се дефинира како "полемичарка која сака да збиберува манџи". Пазете го ова: "Ако Мајкл Џексон си ја лечеше хроничната несоница со снимка од Аргентина-Бразил наместо со Пропофол, тој сè уште ќе беше жив, само што ќе му беше досадно".

Сето „тоа"

Mногу убаво ни доаѓа кога од време на време автор кој инаку се занимава со „посуви" теми ќе си го отвори лирскиот фолдер и ќе ни се покаже во сета негова сетилност. Во случајов се работи за Теофил Панчиќ и неговиот текст во најново „Време", кој тежи и капе од хедонизам.

Имаме ли право на глупи приватни ставови?

Јавноста ги дозна расистичките ставови на сопственикот на Клиперси, сите се згрозија а НБА му удри доживотна забрана и милионска парична казна. Навидум, сè е како што треба да биде во едно морално здраво и сензитивно општество. Ама, дали е баш така?

Бев страшно лоша курва

Пари од ескорт личат на лесни пари за една порно глумица. Ама потоа ќе заборавиш кондоми и ќе упаднеш во "Pretty Woman" клише.

Ние и Американците - 500 милиони

Во секоја земја на која ќе фрлат око, прво треба да се вооружат "голораките бунтовници" кои се борат против омразениот диктатор. Потоа преку медиумите треба на светот да му се каже кој е диктаторот. Тој секогаш е див ѕвер кој има една жена ама и 30 љубовници. Јаде мали деца за десерт. На Си-ен-ен или на некој друг Ен можеме да видиме ковчиња од јадните дечиња кои монструмот ги исплукал од својата муцка. Тоа не е сè...

Големите теми на малите мајстори

Големината на темата е многу важна. Која ви е вам најдобра песна од Лака: „Џемпер", „Зајак" или „Мечка"? Нели „Мечка" е најдобра?

Како внимателно да ја казниш Русија

Не заврши со Крим, ама па и никој не веруваше дека таму ќе заврши. Соочени со понатамошната руска агресија на источна Украина, ЕУ и САД повеќе не треба да ја разгледуваат финансиската и политичката поддршка за украинската влада како опција. Сега таа е неопходност.

Како се откажав од надежта и почнав да живеам

Што останува ако ја нема надежта? - се прашува Оливер Буркман од Гардијан. Веројатно само една работа: стварноста. Со други зборови - сè.