На прашањето на Куора кој е еден збор што ќе ве направи богати, Алтучер пишува:
"'Не' е така магичен збор - не - така убав - не - така музикален, збор. (Долги години мислев дека 'Да' е магичниот збор ама тој збор е црна магија.)
Еве ја математиката на Не. Пресметката на Не!
Најголемиот дел од луѓето функционираат заради сопствен интерес. Не мора во лоша смисла. Ама едноставно така е.
5.000 луѓе ги сакаат твоите пари: Стави ги во пензиски фонд. Вложи ги во куќа. Купи парче хартија на кое во елегантна калиграфија по четири брутални години е испишано 'Диплома'.
Вложи во овие инвестиции. Помогни ми. Овие билборди велат дека треба да го купам овој луксуз.
Дневно сме изложени на 2.700 рекламни пораки. Секоја од нив (би било интересно ако некој го каже спротивното) ги сака твоите пари, и го сака твоето 'Да' во замена за нешто.
Па, твојот ум, твоето тело, твоите мисли, твојот глас, мора да кажат 'Не'.
1.000 луѓе го сакаат твоето време.
Некои од нив се добри луѓе. Луѓе кои сакаат совет. Луѓе кои се грижат. Луѓе кои сакаат да те допрат. Луѓе кои ти сакаш да ги допреш.
Луѓе кои сакаат кафе. Луѓе кои сакаат други луѓе и можеш ли... (како другите луѓе да се мои за да ги раздавам).
1.000 луѓе го сакаат твоето мислење.
И твоето мислење во најдобар случај го поткрепува нивното мислење. Или можеби ти можеш да го смениш своето мислење. Можеби можеш да ги чуеш овие аргументи и да го промениш сопственото мислење и потоа да го шириш тоа мислење.
1.000 луѓе ги сакаат твоите емоции. ('Не ли гледаш што ми правиш?')
Гледај што се' можам да стекнам од тој еден збор:
Огромни количества пари (собери ги трошоците за факултет, дома, брак (ако јас сакам), деца (ако јас сакам), комплицирани банкарски планови за штедење (почни на млади години! Дај ни ги сите твои пари кога си млад, и ние ќе ти ги вратиме (можеби) за 40 години)) и илјадници мали работи, големи работи, луксузни работи (стварно ти треба да имаш име на нив), инвестирај во оваа револуционерна платформа за реклами (1.000% доход можеби), и сето тоа се собира. Ваму паричка. Онаму 500.000 долари.
Изгубив 500.000 долари за едно лето само собирајќи ги овие работи. Ова не е фалење бидејќи се сопрев себеси кога имав само 143 долари во банка.
Тогаш ги молев моите родители за пари и тие рекоа 'Не'. Имав 34 и бев банкрот и им спуштив на телефон. Потоа татко се обиде да ми се јави. И потоа умре. Сето тоа затоа што не можев да кажам 'Не'. Не, е живот.
Огромни количества време.
На колку состаноци сум рекол 'Да'. Па сум се качил на авион. Сум се чекирал во хотел. Сум спиел. Сум запознал девојка. Сум бил на состанок. Сум летал назад. Дали воопшто се сеќавам на што било од тоа?
Се чувствувам како да имам масовни помрачувања околу состаноците кои може се или може не се случиле. Не се ни сеќавам.
Сите состаноци на кои имам кажано 'Да' вкупно нула придонесоа. И помалку од нула.
Ако кажев 'Не' ќе ми беа вратени најмалку барем уште 5 години од животот.
Ако кажев 'Не' ќе можев порано да почнам да го бркам мојот сон. 15 години бркање соништа на други луѓе пред да кажам 'Не'.
Ако кажев 'Не' ќе ги избегнев и лошите клиенти, лошото поткупување, лошиот бизнис, лошите инвестиции, лошите врски. Само ако прво кажев 'Не' на се'.
Чиста куќа
Затоа што велиме 'Не' на сета наша сопственост. Велиме 'Не' на 'ова може еден ден ќе го користам' кога и онака претходно никогаш не сме го искористиле. Или 'можеби еден повторно ќе ја прочитам или завршам' или 'може некогаш ќе имаме десет гости па ни требаат сите овие чаршафи.' Не.
Сите луѓе на кои им реков 'Не' ми ја вратија мојата шанса да сонувам.
Каков магичен свет.
Меѓутоа мило ми е што реков 'Да'. Знаеш зошто?
Затоа што 'Да' е школата за 'Не'.
Некој ме замоли следната недела да одам на конференција.
Реков 'Не'. Ќе го минам времето со Клаудија. Со моите деца. Ќе пишувам.
Ќе смислам нешто ново. Нешто што никогаш претходно не било направено. Нешто што направи пак да се чувствувам како мало дете.
Уште не знам што е тоа. Ама кое дете знае?"