Покерот е американска игра колку што е шахот руска. Ама моменталниот светски шампион во покер е Русин, додека најдобриот шахист на светот е Американец. Лидерите на двете најголеми светски воени сили не ја играат истата игра, и несомнено не играат по истите правила, делумно и заради што е толку тешко да се најде некаква смисла за она што се случува во Сирија, ама и во остатокот од светот.
Од неговиот подем на почетокот од 2000-те, рускиот претседател Владимир Путин притиска кон возобновување на руската моќ. А ова подразбира создавање на нов баланс на моќта во однос на Соединетите држави, кој се постигнува мултиплицирање на точките на тензија.
По предупредувачкиот истрел во Грузија за време на летото 2008-ма, Путин се опреми за решителна и смела нова фаза по неговото враќање на власт во 2012-та. Тоа прво се случи во Украина, каде рускиот претседател го анектираше Крим во рок од неколку седмици, потоа во Донбас регионот, каде го поддржа појавувањето на вооружено сепаратистичко востание, со што го парализираше развојот на земјата.
Дали ова ќе беше возможно ако Претседателот Барак Обама во август 2013-та не отфрли каква било воздушна акција за казнување на сирискиот режим за пречекорување на "црвената линија" на Вашингтон користејќи хемиско оружје против сопствениот народ? Веројатно не.
Од тој момент натаму, го снема американското лидерство на Средниот Исток. А руската интервенција во Сирија која започна на 30-ти септември во исто време е последица и приказ на тоа. Од една страна го имаме Путин кој ги носи одлуките, враќајќи го во живот својот штитеник, сирискиот претседател Башар Ал-Асад, и поставувајќи воено и дипломатско темпо. Во меѓувреме Обама изгледа како растргнат од најразлични настани, наизглед неспособен да употреби вистинска сила и подготвен да биде прелажан од Иран.
Меѓутоа работите не се така едноставни. Путин навистина изгледа како да е постојано навлезен во драматични настани, по пат редејќи тактички успеси. Меѓутоа, дали тој воопшто има стратегија? Заземањето на Крим беше врвна операција, што се однесува до руското јавно мислење. Меѓутоа, стратешки зборено, таа беше бесмислена. Договорот од 2010-та гарантираше дека руската флота ќе може да остане на пристаништето во Крим во следните 30 години. А анектирањето исто така беше многу скапо - околу 20 милијарди долари, според Француско-руската опсерваторија. Од друга страна дестабилизацијата на Украина доведе до санкции од Европа и САД, кои надополнети со паѓачките цени на нафтата, ја доведоа руската економија во длабока рецесија.
Интервенирајќи во Сирија заедно со Иран, Москва отуѓува два најголеми непријатели на режимот на Асад: Саудиска Арабија и Турција. Саудиска Арабија се уште ги поставува цените на светската нафта, ресурс кој е витален на Русија. Турција во меѓувреме ја има клучната позиција на патот за Јужен тек, рускиот гасовод за заобиколување на Украина.
На крај, заземајќи ја корисната ама невозможна улога на шериф на Средниот Исток, Путин трга дел од товарот од рамениците на САД, кој по фијаското во Ирак и Авганистан, Обама повеќе не сака да го носи. Путин го врати престижот на руската дипломатија и армија, ама зад себе ќе остави држава без никакво друго богатство освен суровини - без граѓанско општество, без стабилни институции и соочено со пад на демократијата. Ова е земја чиј главен адут останува нејзиниот капацитет за правење проблеми. Меѓутоа покерот е игра во која играчот секогаш треба да го зголемува својот влог, доколку сака да има кредибилитет.
Наспроти оние кои наивно и избрзано го наградија со Нобелова награда за мир во 2009-та, Обама себе си никогаш многу многу не се сметаше за претседател на светот. Тој е ладнокрвно суштество, пресметано и без наклонетост. Сиријците точно знаат колку ги чини неговата неодлучност, и неговото цинично напуштање во 2013-та, кога тој одби да им испорача против воздушна одбрана за да го спречи бомбардирањето кое уби илјадници луѓе во Сирија, кое ќе го пишува во книгите по историја.
Можеби на Обама му недостасува морал и непресметана храброст, меѓутоа тој има стратегија. Ова се претвори во неспектакуларна политика на неможност да се интервенира, и да се прави што е можно помалку, обидувајќи се да го промени балансот на моќта, и работејќи долгорочно. На Средниот Исток, неговото наследство ќе биде видливо на два начина. Првиот ќе биде крајот на американската зависност од саудиска нафта, благодарејќи на неговата поддршка за ископување нафта од шкрилци. И вториот ќе биде нуклеарниот договор со Иран, дури и ако тоа значи оддалечување на Израел и Саудиска Арабија - пак.
Американскиот претседател на овој начин се справи со главниот предизвик за неговата земја по нападите од 11-ти септември, единствениот предизвик кој Џорџ Буш комплетно го маскираше: како САД да се направи помалку зависен од Саудиска Арабија, присилувајќи ја сама да се реформира и да престане со својата политика за ширење екстремистичка и смртоносна идеологија.
Во меѓувреме енергетската револуција им дозволи на САД да се свртат кон нови предизвици, вклучувајќи ги и оние наметнати од Кина. Меѓутоа проблемот со стратегијата на Обама е што неговиот презир кон тактички победи ги чинат САД премногу кредибилитет на Средниот Исток. Меѓународните односи се подеднакво работа на перцепција колку што се работа на содржина. Другата слабост на Обама потекнува од фактот дека неговиот наследник ќе може да ги поништи сите негови стратешки одлуки, за разлика од Путин, кој е тука за да остане.
За да победиш во шах, секогаш мора времето да е на твоја страна.