Гласање вс. образование

Важноста на образованието за економскиот развој на одредена земја е огромна. Емпириските студии докажале дека безбројно многу пати позитивната корелација со високото образование со просечниот приход по глава на жител. На пример, процентот на високообразовна сила во Европа за период од 40 години пораснал од 10 отсто на 40 отсто, додека пак во исто време се удвоил приходот по глава на жител.

Тоа не значи дека растот на уделот на високообразованите предизвикува раст на доходот, иако постојат низа емпириски истражувања кои ја потврдуваат таа теза, но и исто толку кои наоѓаат обратна поврзаност - растот на доходот води до раст на високообразованите. Во секој случај, не треба да се избегне фактот дека земјите со најголем број на високообразовани се меѓу најбогатите во светот.

Човечки капитал
Постојат одредени претпоставки кои мора да ги оствари една земја за целосно манифестирање на овој позитивен ефект. Ова првенствено се однесува на влијанието на економскиот напредок за формирање човечкиот капитал, чија акумулација создава нова вредност. Растот на стандардот на високообразованите преку нивните високи плати во однос на просекот ги поттикнува останатите граѓани да ја остварат својата цел за зголемување на платата со дополнително и повеќегодишно образование, особено во помалку развиените земји, издигање од сиромаштвото. Но проблемот настанува бидејќи факултетските дипломи не гарантираат ниту вработување, ниту поголема плата. Последицата од ова е високата невработеност меѓу помладите, а причината - неадекватен систем на високо образование со погрешна политика насочена кон образованието и тоа преку зголемување на бројот на студенти, наместо кон подобрување на квалитетот и вистински одговор на побарувачката за човековите ресурси.

Хрватска е една од земјите која ја карактеризира овој проблем, каде високообразовниот систем е повеќе ориентиран кон исполнување на квотата на студентите, наместо кон квалитетна и практична настава. Конкретно, улогата на образованието во општеството треба да се одвива "чекор по чекор" со побарувачката на професии, со локалните и националните економски потреби, при тоа имајќи ги во предвид и финансиските ефекти на студирањето. Кога образовниот систем, особено, високото образование, станува сам за себе цел, тогаш, на пазарот на трудот се исфрлаат преквалификуваните и недоволно квалификуваните работници во значителни разлики со побарувачката.

Но, каква поврзаност има сето ова со изборите? Досега се покажало дека за успех на демократијата, особено непосредната демократија е исклучително важно да се има што повеќе образовани гласачи. Колку повеќе и подобро се информирани гласачите за политичките опции и општествените проблеми, за што пак им е потребно одредено ниво на образование, толку се подобри одлуките на изборите. Многу често се издвојува случајот на референдумската демократија во Швајцарија каде гласачите се навремено информирани за придобивките и трошоците за секое референдумско прашање.

Изборни преференции
Се со цел да се разбере соодносот на образованите луѓе со изборите, во продолжение е мапа на Хрватска, на која се издвоени сите општини. Црвената боја на картата ги претставува општините со процент од населението кои имаат завршено барем средно образование (4 години), што во просек е децениско завршено школување, додека пак градациите со жолто укажуваат на населението кои имаат завршено или незавршено основно образование. Споредувајќи ја оваа мапа со визуелни елементи од хрватскиот развој по општини (број на невработени, даноци итн) може да се заклучи дека голем број од општините во кои процентот на високообразовани е многу мал припаѓаат на економски неразвиените области.

 



Самата информираност, сепак, не гарантира секогаш демократски најправеден исход, но е доволен показател дека за целосен успех на непосредната демократија е образованието. Од друга страна пак, образовниот систем кој не е во согласност со побарувачката на пазарот на трудот, генерира социјални проблеми особено за висока невработеност кај младите, која исто така влијае на изборните преференции на гласачите.

Економски категории на невработеност и приходи, наследството од Татковинската војна и одредени демографски трендови, бројот на години на образование исто така се покажува како неизбежен индикатор за изборите.

На ниво на општини во цела Хрватска може да се види како гласаат високообразованите, а како оние со пониско ниво на образование. Местата чија изборна база ја сочинува население со основно образование се повеќе наклонети кон политиката на ХДЗ, додека пак оние општини каде изборната база е со население со завршено средно или универзитетско образование даваат поддршка во корист на СДП.

Графиконите укажуваат на тренд на ниво на цела држава, но варијациите во рамките на изборните единици се значајни. Овие трендови на национално ниво не се секогаш идентични со оние на локално ниво, иако на крајот може да се извлече истиот заклучок - високообразованите луѓе се повеќе наклонети кон политиката на СДП.

Важно е да се истакне дека ваквиот резултат не имплицира на причинско-последичен однос, односно дека не мора да значи дека високообразованите поединци гласаат за СДП, а необразованите за ХДЗ. Анализата укажува на општ тренд на ниво на градови и општини со поголем или помал број на образовани луѓе. Би било погрешно доколку заклучиме дека степенот на образование кај гласачите го одредува гласот кон една или друга политичка опција.

Но степенот на образование треба да се согледа заедно со сите други социо-економски фактори кои ги одредуваат параметрите на гласачите и врз основа на ова да се набљудува движењето на трендовите во поединечни изборни единици.

Образование и приход
Во хрватските градови и општини, постои многу силна корелација помеѓу просечните години на образование и приход по жител. Приходот по жител во местата каде просекот на завршено образование најмалку 12 години е четири пати поголем од приходот во местата каде голем дел од населението нема завршени ни основно училиште. Слично е и со односот на образование и невработеност - пониското ниво на образование значително е во корелација со високата стапна на невработеност. Но ова не е новост, со оглед на резултатите од претходните анализи каде посиромашното население ја фаворизира десницата, односно необразованото население додека пак во општините каде невработеноста е пониска а приходите повисоки се гласа за левицата.

Може да се заклучи дека интеракцијата на не/образованието и економските категории на невработеност и приходите ги одредуваат опциите за гласање во помалку развиените региони.
Важна е интеракцијата

Конечно, анализирајќи ги сите гласачки преференции, образованието е само една од категориите кои влегуваат во збирот на социо-економски категории кои пак влијаат на гласачкиот избор. Образованието претставува важен фактор, кој е клучен за процесот на напредување на демократијата, но секогаш делува во интеракција со сите останати показатели и фактори на избор.

Вук Вуковиќ
Јутарњи Лист

9 ноември 2015 - 16:16