Учењето математика е чист комунизам

Планот на британскиот премиер да го зголеми бројот на часови по нумеричка писменост има логика само во СССР и Кина, бидејќи во слободниот свет децата треба да бидат оставени да учат што сакаат, а не со сила да висат над задачи по математика, смета колумнистката на британски Телеграф.

Најкорисната математика што ја научив во животот ја научив на возраст меѓу пет и девет години, вклучувајќи го запамтувањето на таблицата за множење, делење, проценти и дропки. Овие ми вршат работа во секојдневниот живот и нивното разбирање на многу основно ниво е клучно. Вон ова, обидите да ми се наметне математика и тоа да се сфати како што било друго освен терор и забуна - а имаше многу такви обиди - немаа никаков успех. И тоа не е фер. Кога ќе се посветев на тоа сфаќав дека јас стварно сакам бројки, се додека не сум присилена да учам пример квадратни равенки (за кои ништо не знам).

Би било добро да можеше некој разумен што не го бива за математика, но е успешен во животот, да седне со Риши Сунак пред да ја објави неговата политика со која математиката станува задолжителна за сите деца до 18 години.

Ова е бесцелна и непријатна идеја. Непријатна затоа што за оние кои имаат проблем со математика, таа е длабоко понижувачки, јалов процес за нејзино издигнување над основно ниво. И тие нема да го паметат тоа како ништо друго освен пекол - на кратко ќе им ја згади математиката до крај на животот.

Сега за бесцелноста. Денес, не е најјасно која би била целта на сите тие години присилна математика. Секој може да вклучи Ајфон или Гугл за брза пресметка, едноставна или комплексна. Да, немањето математички вештини може да значи дека нема да знаеш како на дигитронот правилно да му го поставиш прашањето, ама па дали сите математичари знаат што прашање да постават за сонетите на Шекспир - и дали тоа е проблем? Не е нешто посебно. А бенефитите на математиката и математичката писменост и не се некоја тајна. Секој ученик знае дека ако сака да биде имотен, веројатно ќе му треба математика - целиот банкарски систем, консултанти за менаџмент, ИТ и осигурување, плус која било корисна професија, веројатно освен правото, бара пристојно ниво на познавање математика. Ама тоа е нивна работа дали ќе сакаат да одат во тој правец. Не е работа на Риши да одлучи за нив.

Британија е општество во кое индивидуализмот може да цвета, и тоа секако го опфаќа и образованието. Во СССР или во Кина, натурањето математика можеби било задолжителна пракса, ама тука во Британија, оние кои им се допаѓа или сакаат цифри треба да го добијат сиот можен поттик за тоа, а оние кои не ги сакаат треба да им биде дозволено да се посветат на работи што тие ги сакаат. На тој начин, еден ден, ако тие се чувствуваат дека сакаат да знаат повеќе математика, тогаш тие можеби и ќе посакаат повеќе да научат.

Зои Стримпел


****
Една спротивна позиција на темава држи Нил Деграс Тајсон:

11 јануари 2023 - 14:57