Таг: математика

Славни научници и изумители кои не ги бивало за математика

Стереотипот е следен - ако си по природните науки и технологијата, тогаш мора да си добар и во математика. Но Томас Едисон, Чарлс Дарвин и други генијални научни умови мака мачеле со неа. Мала утеха за некои од нас, математички неписмените. 

Има ли двајца во Скопје со ист број влакна на главата?

Додека се мислите во кој новинарски жанр да го сместите текстот кој го најавува насловот, да ви помогнеме - не е убавина и здравје, туку популарна математика. 

Учењето математика е чист комунизам

Планот на британскиот премиер да го зголеми бројот на часови по нумеричка писменост има логика само во СССР и Кина, бидејќи во слободниот свет децата треба да бидат оставени да учат што сакаат, а не со сила да висат над задачи по математика, смета колумнистката на британски Телеграф.

Koлку јотабајти има во кетабајт?: количеството податоци стана толку големо што прв пат по 30 години се воведоа нови мерни единици

Огромното количество податоци кои се генерираат годишно доведува до потреба од нови зборови за опишување на огромните броеви. Неодaмна беа одобрени тазе префикси за oние големите, со 27 и 30 цифри.

Кога морнарите морале да учат тригонометрија

Од 16 век европските морепловци веќе не можеле да се потпираат на својата меморија на крајбрежните знаци. Отвореното море си барало знаење на астрономија и математика. Дури и неписмените морнари морале да го загреат столчето.

Британски математичар доби награда од 3 милиони долари за откритија кои „можеби му ги диктирале вонземјани“

Веројатно кажано на шала, тоа дека на сега славниот математичар теориите му биле диктирани од повисока интелигенција е тврдење на негов колега. На кого сигурно дополнително му се стемнило кога слушнал за „дебелото“ признание.

Продавачот на мебел кој стана математички генијалец

Џејсон Пеџет е опседнат со математика. Дури и кога мие заби - ја става четката под чешма точно 16 пати. Има необичен талент, да црта прецизни повторливи геометриски шеми, познати како фрактали, рачно. Но тој не е роден со овој талент, туку го должи на еден (не)среќен случај.

Самоукиот затвореник кој објавува статии во математички списанија

Иако не е најпријатното нешто што може да му се случи некому, престојот во затвор може да го обезбеди потребниот мир за размислување. Во овој пример на човек осуден за убиство, кој сега е ко-автор на статија од областа на теоријата на броеви.

Современа математика вс. пазарџиска математика

Веројатно новава има некои многу понапредни примени и не е фер да се руга, ама сепак, барем во видеово заслужува.

За Борусија Дортмунд игра математички генијалец

Швајцарскиот стопер Мануел Аканџи гостуваше во студиото на германскиот канал SRF Sport и ја запрепасти јавноста со својата интелегенција и логика.

Брилијантниот математичар кој престанал да јаде

Австрискиот математичар, кој се смета за еден од најреволуционерните научници на 20 век, кон крајот на животот малку откачил. Парализиран од стравови, тој почнал да одбива храна. Умрел на 71 години, со само 30 килограми.

Јака родова еднаквост, слабо математичарки

Колку подобро една земја стои со родовата еднаквост и поддршка за жените, толку жените во неа помалку бираат професии поврзани со науки и математики. Звучи парадоксално, ама, има логика.

Зошто не можеш да делиш со нула

За најголемиот дел од нас доволно е тоа што знаеме дека не може да се дели со нула. Дечково нема проблем со тоа, само го интересира зошто не може.

„Лејди Гага на француската математика“ во Македонија

„Во петок, 7 април во МАНУ ќе се одржи предавање на славниот математичар Седрик Вилани, под наслов Уметноста и математиката“, гласи поканата која некако стигнала во нашето сандаче. Темата, како и фотографијата со човек со свилена машна, брош во форма на пајак и стаклена кугла, кој сосема отстапува од стереотипниот лик на математичар, нè натераа да прочепкаме. Кој е тој Седрик Вилани?

„Човекот кој ја познаваше бесконечноста“ или приказната за еден математички гениј

Базиран врз истоимената книга, ова е биографски филм за еден индиски математичар, кој без формално образование успеал да даде огромен придонес во неколку математички области. Не мора да знаете математика за да го гледате, а по пат можеби нешто ќе научите.

Неповикана лекција по математика

Предизвикот е човечки да објасниш зошто множењето на два минуса дава плус. Два одговори, два различни пристапи, и двата човечки разбирливи и за во учебник.

Брза математика

Колку многу прости математички задачи можеш за решиш за многу кратко време. Стварно се прости, ама па и стварно имаш малку време - 30 секунди. Се збори дека некој од редакцијава ја минал границата од 60%.

Математичките тајни на Симпсонови

Шоу како Симпсонови, со неговите алузии, референци, цитати и пародии, душа дало за истражување. „Симпсонови и филозофија" и „Психологијата на Симпсонови", такви книги веќе постојат. Сега им се придружува уште една, која тврди дека Симпсонови имаат и - математички тајни.

Математички расизам

Професори по математика од Њујорк не можат баш да објаснат зошто во задачите треба се открие колку робови треба да останат живи.

Формула 1 не сака математички неписмени

На челниците на Вилијамс Ф1 тимот им здосадило да се малтретираат со апликациите за работа на неписмени студенти, па решиле да воведат едноставен тест. Дури и тој тест со 15 лесни математички прашања не го решаваат ни 3% од апликантите.