Неповикана лекција по математика

Предизвикот е човечки да објасниш зошто множењето на два минуса дава плус. Два одговори, два различни пристапи, и двата човечки разбирливи и за во учебник.

Прва:
Ако снимаш некого како трча нанапред (плус) и ја пуштиш снимката да тече нанапред (плус) тој ќе трча нанапред(плус). Ако пак истиот филм го пуштиш наназад (минус) тој ќе изгледа како да трча наназад (минус), па резултатот од собирање на плус и минус е минус. Истото важи и ако снимаш човек што трча наназад (минус) и снимката нормално ја пуштиш (плус), ќе изгледа како тој да трча наназад (минус). Е сега, ако снимиш човек како трча наназад (минус) и снимката ја пуштиш наназад (минус) тој ќе изгледа како да трча нанапред (плус). Дури и ако ја забрзаш снимката или ја премоташ наназад ова (-3х или -4х) и понатаму останува точно. Наназад х наназад = напред. Негативно помножено со негативно = позитивно.

Втора:
Стартуваш со одредена сума пари. Потоа:

Ти давам три банкноти од по 20 денари: +3 х +20 = +60 денари за тебе

Ти давам три долгови од по 20 денари: +3 х -20= -60 денари за тебе

Ти одземам три банкноти од по 20 денари: -3 х +20= -60 денари за тебе

Ти одземам три долгови од по 20 денари: -3 х -20= +60 денари за тебе.

математиката е од тука

25 ноември 2015 - 17:37