Гостите во студиото го прашуваа младиот фудбалер на Борусија да множи и да дели рандом броеви од 11 до 99. Аканџи ги изненадил со брзите и точни одговори.
- 24 помножено со 75?
- 1800!
Во тој момент водителот уште не стигна ниту да ја напише првата бројка од поставената задача.
- Па јас уште не искуцав на дигитрон.
- Ова беше лесно...
- Дајте тогаш нешто потешко, бара водителот од публиката.
- 33 помножено со 97.
- 3201!, одговара како од топ Аканџи.
- Неверојатно. Вежбаш?
- Да, многу вежбање.
Талентираниот одбранбен играч на Дортмунд објаснил и како толку го бива за математика:
„Многу вежбав. Уште во школо се интересирав за математика. Наставникот организираше многу натпревари и јас победив речиси на сите. Правам и математички пресметки со лиценца, не прашувајте зошто. Така знам и чуствувам некои пресметки.“
***
Мануел Аканџи има 23 години, роден е во швајцарскиот град Визенданган, а кариерата ја започнал во Винтертур. Во 2015 година за високи 700.000 евра преминал во Базел кој, пазете, во 2018-та година на Борусија Дортмунд и го продава Аканџи за 21,5 милиони евра!
Аканџи игра централен дефанзивец. Сезонава настапи на 13 меча а беше дел и од големата победа над Баерн Минхен минатата сабота.