Формула 1 не сака математички неписмени

На челниците на Вилијамс Ф1 тимот им здосадило да се малтретираат со апликациите за работа на неписмени студенти, па решиле да воведат едноставен тест. Дури и тој тест со 15 лесни математички прашања не го решаваат ни 3% од апликантите.

Образованието во Британија е падното толку ниско што голем дел од младите луѓе кои бараат работа по завршување на школување не можат да решат основен тест по математика.

Извршниот директор на Ф1 тимот Вилијамс бил фрустриран од нивото на образование на апликантите и решил да воведе тестирање со едноставни математички задачи.

Минатата година само 6 од 200 апликанти ги решиле сите задачи. Оваа година тие решиле да не губат време со сите, па од 250 апликанти на разговор поканиле само 45. Во кругот за тестирање влегле 16, а од нив само 6 успеале точно да одговорат на сите 15 задачи.

Тестот:

1. 44 + 12 + 35 = ?

2. 735 - 576 = ?

3. 7523 x 8 = ?

4. 7713 / 9 = ?

5. 2 + 3 = ?

6. Напиши го 0,3 како дропка

7. Напиши 7 на квадрат = ?

8. 2 на трет степен (куб) = ?

9. Колку е 11% од 250 = ?

10. На 64 додади 12,5% = ?

11. x = 6 y = -3 Колку е x2 + 2xy + y2 = ?

12. 5/16 / 1/8 = ?

13. Ако log 3 = 0,4771 и log 4 = 0,6020 тогаш log 40 = ?

14. Ако log 3 = 0,4771 и log 4 = 0,6020 тогаш log 0,12 = ?

15. Кубен корен од 27 е = ?

29 октомври 2012 - 13:48