Секој пристоен човек чувствува тага и праведен гнев околу последниот масакр на невини луѓе во Калифорнија. Безбедносните сили и разузнавачките агенции ги бараат мотвиите, вклучувајќи го и виталното прашање како убијците може да се поврзани со меѓународниот тероризам. Ова е правилно и соодветно.
Меѓутоа мотивите не им е важни на убиените во Калифорнија, ниту на оние во Колорадо, Орегон, Јужна Каролина, Вирџинија, Конетикат или преголем број други места. Вниманието и гневот на Американците исто така треба да биде насочен и кон избраните лидери чија работа е да не' штитат, но кои многу повеќе ги вреднуваат парите и политичката моќ од индустријата посветена на профитирање од непречено ширење на уште помоќно огнено оружје.
Претставува морален скандал и национален срам тоа што цивили можат легално да купат оружје создадено да може да убива луѓе со брутална брзина и ефикасност. Ова се оружја на војна, едвај малку модификувани и намерно продавани како алатки за мачо вигилантизам па дури и востание. Избраните лидери на Америка нудат молитви за жртвите на оружјето и потоа, внимателно и без страв од последици, ги одбиваат и најосновните рестрикции за оружјата од масовните убивства, како што тоа го направија и во четвртокот. Тие не ги отргаат вниманието со аргументи околу зборот тероризам. Да биде јасно: овие маскари се, на свој начин, акт на тероризам.
Противниците на контролата на оружјето велат, како што прават по секој масакр, дека ниту еден закон не може безпрекорно да сопре конкретен криминал. И ова е точно. Тие зборуваат, многумина со голема искреност, околу уставните предизвици за воведување на регулација на оружјето. Овие предизвици постојат. Тие истакнуваат дека решителните убијци успеале нелегално да набават оружје и во места како Франција, Англија и Норвашка, кои имаат строги закони за оружје. Да, успеаа.
Меѓутоа, овие држави барем се обидуваат. САД не се ни обидуваат. Уште полошо, политичарите ги поттикнуваат идните убијци создавајќи пазар на оружје за нив, а гласачите дозволуваат овие политичари да си ги задржат работните места. Веќе треба да престанеме да збориме за ограничување на ширењето на огнено оружје, и наместо драстично да се ограничи неговиот број - елиминирајќи некои големи категории на оружје и муниција.
Не е неопходно да се дебатира каратеристичното изразување во Вториот амандман. Ниту едно право не е неограничено или имуно на разумна регулација.
Одредени видови оружје, како делумно модификуваните борбени пушки кои беа употребени во Калифорнија, и одредени видови муниција, мора да бидат забранети за продавање на цивили. Можно ова оружје да се дефинира на јасен и ефикасен начин, и, да, ова ќе значи дека Американците кои поседуваат такво оружје треба да се откажат од него заради доброто на нивните сограѓани.
Кога би било подобро отколку за време на претседателските избори да се покаже, конечно, дека нашата нација го има повратено чувството за пристојност?