Весникот реди неколку последици од војната во Сирија:
- Орди терористи кои успешно можат да извршат напад во центарот на Париз.
- Раст на бројот на бегалци кои ги дестабилизираат европските држави и се закануваат на постоењето на Шенген зоната.
- НАТО излезе крајно импотентен околу судирот, а единствена цел на Вашингтон е уништување на ИСИС, без никакво дополнително мешање во судирот.
- Заради ваквата стратегија Обама ризикува засилување на сојузништвото меѓу Дамаск, Техеран и Москва, кои работат на елиминирање на не-џихадистичките бунтовници поддржани од Саудиска Арабија и Западот. Што како последица би можело да има приклучување на сите поразени сунити бунтовници во редовите на ИСИС.
- Беспоштедните руски воздушни напади само го зголемуваат бројот на бегалци во Европа, што пак дополнително помага во растот на популарноста на анти-НАТО десницата. За сето ова време Обама само останува на вербална осуда и повици за дипломатско решение. Критиката на Џонатан Шанзер од Фондацијата за одбрана на демократиите гласи "Историчарите еден ден ќе ги разгледуваат нашите архиви и ќе се чудат што сме мислеле дека ќе постигнеме со вакви изјави."
- Паралелно со ова се одвива и судирот меѓу двата сојузника на САД - Турција и Курдите. Турција ги бомбардира курдските сили заради страв дека тие ќе го освојат градот Азаз.
"Комплетниот кредибилитет на НАТО се базира на доктрината 'еден за сите, сите за еден.' Во членот 5 од договорот за колективна одбрана се вели дека напад на само еден од 28-те членки, се смета за напад на сите.
Меѓутоа ваков судир е малку веројатно да се случи. Во интерес на Русија е (исто колку што е и на Западот) да се избегне конфликт, дури и ограничен, со друга суперсила. А Москва знае дека Турција, со втората по големина армија во НАТО (420.000 војници, 5.000 тенкови) е противник од сосема поинаков калибар отколку Украина...
Меѓутоа историјата е преполна со грешки и погрешни пресметки. А Владимир Путин, агресивен покерџија, можеби забележа шанса да го распарчи НАТО: Да се искористи кој било изговор, како соборувањето на воениот авион од страна на Турција, за да се започне со интервенција на турска територија. Ова би создало неиздржлива дилема за НАТО: дали да се следи членот 5 и да се влезе во војна заедно со разбеснетиот турски сојузник или тој да се отфрли и да се ризикува кредибилитетот на алијансата.
Според француската Фондација за стратешки истражувања, ние зборуваме за екстремно ризикување кое би значело 'значително напуштање на стратегијата што Путин ја следеше до сега.'
Без разлика на можноста ова да не се случи, сепак станува збор за тест кој е најдобро да се избегне бидејќи Европејците немаат подобра алтернатива отколку НАТО. Нивната заедничка одбранбена политика веќе половина век е нестабилна. Французите и Англичаните се единствени големи играчи, а нивните европски сојузници речиси никогаш не ги следат во нивните битки. Во меѓувреме ние и понатаму се трудиме да видиме како Европејците кои се неспособни меѓу себе да го разделат напливот на бегалци би можеле да се подготвени да загинат еден за друг," завршува Ив Бурдион во текстот за Лес Еко.