По наредба на руските власти надлежни за контрола на медиумите, Роскомнадзор, во земјата од сега па во иднина комплетно е забранет пристапот до Порнхаб.
Резултатот од чисто алгоритамското работење до сега е: модулот промовираше лажна вест за водителката на Фокс, Меган Кели, навредлив наслов за колумнистката и коментаторка, Ен Колтер, и линк за сторија за човек што мастурбирал со Мекдоналдс сендвич.
Обемот на Јутјуб во однос на гигабајти во хард-дискови и интернет сообраќај еден од главните инженери во компанијата технички го опишува како - мозок да ти пукне. А ако ве интересираат конкретни бројки, за една минута на Јутјуб се аплоудираат околу 400 часа видео.
Ако интернет-провајдерите почнуваат да плаќаат милионски суми за отштета затоа што нивни корисници симнувале пиратки, колку време ќе пројде додека - за да се заштитат самите - тие не почнат да се мешаат во сè што корисниците прават на интернет?
Компанијата најави дека ќе го штелува алгоритамот за што е можно повеќе да избегнува прикажување "кликбејт" статии во фидот на корисниците. Проблемот е што прво, намалувањето на кликбејт наслови нема комплетно да нè спаси од нив, и второ, самиот Фејсбук создаде условите за нивно ширење и успех.
Во претстојните штелувања на алгоритамот што го контролира њузфидот на Фејсбук ќе има намалување "на фреквентноста на кликбејт сториите," најавија од компанијата. Според нивната номенклатура кликбејт е статија со наслов "кој намерно изоставува клучна информација, или наведува луѓе на погрешно мислење."
Кратко по отворањето на берзата во Њујорк, Веризон објави дека ги купува клучните сервиси на Јаху за 4,83 милијарди долари. Јаху во најдобрите денови беше проценет на 125 милијарди долари, а пред 8 години ја одби понудата за купување од Микрософт во износ од 44 милијарди долари.
Во една од редовните ПиАр егзибиции, Зукерберг сподели неколку свои приватни фотографии на Фејсбук. Некој седнал да ги анализира фотките и открива дека и еден од најмоќните луѓе на интернетот не се чувствуваа безбедно околу технологијата.
Првиот човек на компанијата седна да одговара прашања на Фејсбук Лајв, а таму добар дел од интернетот како едвај да го чекаше, некои од нив добро потковани со секоја можна гласина (и теорија на заговор) околу Закерберг.
Стартап компаниите користат јазик со кој сакаат да изгледаат иновативно, модерно и паметно, а всушност тоа им дава имиџ на преваранти кои или нешто кријат или не знаат да ти го објаснат.
Гугл веќе четири години копа и мести оптички кабли во неколку одбрани градови низ САД. Таму каде што ќе намести нуди интернет (и телевизија) со 1 гигабит аплуоуд и исто толку даунлоуд. Алфабет, мајката компанија на Гугл, верува дека истото ова може да го постигне и преку безжичен интернет, без копање.
Анализата тврди дека апликацијата на Фејсбук цело време го држи активиран микрофонот на мобилниот и следи што се зборува. Фејсбук тврди дека не ги занима што зборите и само ја слуша музиката и филмовите / тв програмите што ги гледате слушате, и сето ова е за ваше добро.
Бројките ги вади ново истражување на објавите на кинеските социјални медиуми, кое открива "масовна тајна операција" за полнење на кинескиот интернет со пропаганда.
Додека другите мереа гласови, гео-стратешки поделби и кој на кого му е брат по Евровизија, Порнхаб за време на финалето 61-та Евровизија мереше кој колку го посетувал нивниот сајт.
Лошите вести се дека Фејсбук секој ден го цензурира интернетот, и го оформува вашиот став во корист на неговите корпоративни интереси, притоа фундаментално менувајќи го медиумскиот пејзаж во потенцијално апокалиптичен правец, пишува Алекс Херн во Гардијан.
Вработени на Фејсбук редовно потиснувале статии од "трендинг" делот на сајтот кои биле од интерес на конзервативните членови на Фејсбук, тврди поранешен новинар кој работел на проектот.
Пред некое време беше објавена информацијата дека вработен на Фејсбук на внатрешниот форум за вработени прашал дали компанијата има одговорност да го спречи Трамп да стане претседател на САД. За сега Зукерберг ништо нема одговорено на ова, ама никој не се сомнева дека може.
Фејсбук го има изгубено чувството на интимност кое своевремено им го нудеше на луѓето и заради кое толку многу луѓе се навлекоа на него. Денес Фејсбук е нешто поинакво ама и нешто многу поголемо и поопасно.
Наједноставното објаснување е дека нашиот мозок е така поставен да ужива во казнувањето на другите. Ова само по себе е проблематично бидејќи ако казниш некој, постои можност тој да ти врати и да те повреди, што еволуциски го прави закана за нашиот долгорочен опстанок. Ама не и на интернет.
Рускиот фотограф Јегор Цветков на секојдневната рута од / до работа прави повеќе безазлени фотки од најразлични луѓе што ги среќава по пат. Не му се за изложба, туку му се за многу посериозна поента околу вашите слики по социјалните мрежи.
Новинскиот екосистем доживеа подраматични промени во последните 5 години отколку во последните 500, социјалните медиуми не само што го имаат проголтано новинарството, туку сè имаат проголтано, пишува Емили Бел во Колумбија џурнал ривју околу потребата од регулирање на Фејсбук.
Ваков наслов кај дел од читателите ќе предизвика чудење што се продава компанијата која им е поим за интернет а друг дел веројатно ќе си помислат: Сум слушнал за Јаху, ама зарем тоа уште е живо?
Универзитетот на Калифорнија, Дејвис, плати најмалку 175.000 долари за да го избрише од веб пребарувачите инцидентот со полицаецот кој ги прска седнатите студенти демонстранти.
Пред да се појават Панама документите, судовите, владите и сите заинтересирани за туѓи пари и наплаќање долгови од истите, на располагање имаа еден поинаков ресурс со речиси 100-процентна успешност - Инстаграм профилите на децата на богаташите.