Изборот на името делумно се должи и на тоа што во тоа време, сајтовите најчесто се листаат по азбучен ред, па Безос сакајќи да биде најгоре на листите, го избира Амазон.
Првата книга Амазон ја продава на 3-ти април 1995. Во тоа време сајтот нуди список од над милион наслови за купување, иако на залиха во магацинот во Сиетл имаат едвај неколку илјади. Останатите ги купуваат по потреба од препродавачи на големо. Се уште во почетна фаза, тие немаат одделни луѓе за пакување на нарачките, па истите луѓе што ги примаат нарачките во текот на денот, попладне ги пакуваат, за следното утро пакетите да бидат однесени во пошта за испорака.
Првиот голем бум се случува откако Амазон се појавува на насловната страна на тогаш новиот сајт Јаху, по што компанијата е преплавена со нарачки.
Во 1997-ма Амазон излегува на берза, а истата година Безос воочува дека компанијата ќе заглави ако остане само на книги, па решава во понудата да додаде и филмови и музика.
Првиот профит Амазон го има во четвртиот квартал 2001-ва, седум години по започнувањето. Пријавениот профит е 5 милиони долари.
Потоа приказната продолжува вака: