Мејлот на Хилари е хакнат заради ИТ човекот на Хилари

Оригиналната верзија на настанот беше дека соработникот на Хилари, Џон Подеста, добил меил порака со скриен линк (Битли) па откако кликнал хакерите го добиле пасвордот за неговиот меил. Новата тура мејлови од Викиликс, откри дека Подеста всушност бил сомничав дека мејлот е обид за фишинг и дека побарал помош ИТ луѓето на Хилари.

Џон Подеста

Во кореспонденцијата што ја објави Викиликс, одговорниот за ИТ поддршка во кампањата на Хилари, Чарлс Делаван му одговара на Подеста, дека мејлот што му бил испратен е легитимен.

Во одбрана на Делаван треба да се каже дека тој не му порачува на Подеста да кликне не мејлот, туку за секој случај под итно да ја смени лозинката на својот меил, и да активира автентикација во два чекора.

Она што не е познато е дали Подеста кликнал на линкот во мејлот пред да му го препрати на Делаван во ИТ, или откако добил одговор од него дека мејлот е легитимен.

Компанијата за компјутерска безбедност Секјурворкс, подоцна го поврза Битли линкот испратен до Подеста со руската хакерска група Фенси беар, истата за која се верува дека ја хакна и Демократската партија.

Околу автентикација во два чекора и зошто треба под итно да ја вклучите:

 

29 октомври 2016 - 13:31