Пред да ја направи промената, Фејсбук изминатите месеци работел на идентификување фрази кои се заеднички за кликбејт насловите меѓутоа ги нема во другите наслови, сличен концепт на кој што работи филтерот за спам. Компанијата навела и неколку наслови како пример за кликбејт:
“When She Looked Under Her Couch Cushions And Saw THIS… I Was SHOCKED!”
“He Put Garlic In His Shoes Before Going To Bed And What Happens Next Is Hard To Believe”
“The Dog Barked At The Deliveryman And His Reaction Was Priceless”
Иако ова е повеќе од добредојдена промена за секој што користи Фејсбук, дел од аналитичарите сметаат дека апдејтот "е показател за менувањето на односот на Фејсбук кон медиумите," кој со години се обидуваше да се зближи со медиумските куќи, поттикнувајќи ги да ги прифатат новите можности како инстант статии и директно видео.
"Меѓутоа неодамнешните промени во алгоритамот ги ставаат медиумските организации, посебно оние што станаа зависни од социјалната мрежа за сообраќај и приходи од реклами, во тешка позиција. На пример, на крајот на јуни, Фејсбук, од кој доаѓаат над 40% од посетите на новинските сајтови, соопшти дека ќе ги приоретизира постовите од пријателите и семејството за сметка на статиите објавени од новинските организации. Потег кој би резултирал со 'забележителен' пад во сообраќајот кај медиумите," објаснува Алис Тронг во Кварц.
Од своја страна Фејсбук ја признава нервозата на медиумите околу промените што ги прави на њузфидот, па во тоа име соопшти дека планира да биде потранспарентен околу нив.