На една од сликите на која го има личниот лаптоп на основачот на Фејсбук, Твитер корисниците забележале дека Зукерберг со некаков селотејп ги има покриено камерата и микрофонот на компјутерот.
Ниту од Зукерберг, ниту од Фејсбук нема никакво објаснување за ова, меѓутоа консензусот на сите е дека ова човек го прави кога е загрижен дека некој може да му упадне во компјутерот.
Њујорк тајмс ја пренесува изјавата на експерти за компјутерска безбедност, според кои има неколку добри причини за ова:
- Првата е дека Зукерберг е мета со голема вредност.
- Покривањето на фото, видео и аудио пристапот одамна е лесен и евтин начин за зголемување на безбедноста на твојот лаптоп.
- Трето, Зукерберг не е имун на безбедносни пропусти. (Пред некое време беа хакнати Твитер и Линкдин профилот на Зукерберг.)
Во април првиот човек на ФБИ, Џејмс Коми, на говор на еден колеџ изјави дека и тој исто така става селотејп на камерата на лаптопот, објаснувајќи "на вести видов некој попаметен од мене како става селотејп на камерата па го ископирав."
Многу поучно видео за тоа зошто е оправдан стравот на Зукерберг, тука