ЕУ парламентарците напнати го дочекаа Закерберг, го испратија уште понапнати

Очекувањата беа дека ЕУ парламентарците ќе го растргнат Закерберг и нема да остават камен на камен. Излезе дека тие што имаат вакви очекувања немаа предвид дека Закерберг го има избрано форматот и времетраењето на сослушувањето.

Прашањата што беа поставени на сослушувањето беа далеку потешки и понапредни отколку она што се слушна на сведочењето на Закерберг пред американскиот Конгрес. Објаснување за ова е дека Европејците генерално се позаштитнички настроени кон приватноста на корисниците и поотворени кон растурање монополи, плус се на 3 дена од воведување на ГДПР, законот за заштита на интернет приватноста.

Без разлика на тоа кој што праша и што одговор доби, главен столб на одбраната на Закерберг беше форматот на сослушувањето, според кој секој од парламентарците прво ги поставува сите прашања што ги има, па потоа првиот човек на Фејсбук одговара на нив. Бонус за Закерберг во сето ова е што сослушувањето беше временски ограничено.

Ваквиот сетап му дозволи на Закерберг да ги групира прашањата и заеднички да одговори на нив, што најчесто се случуваше во најопшти можни рамки без да даде поединечни одговори.

Како што сослушувањето привршуваше, така парламентарците стануваа се повеќе напнати затоа што нивните прашања не се директно одговорени, коментирајќи „секако, имаше причина што побара ваков формат.“

Реакцијата на Закерберг кога пред крај на сослушувањето му беше спомнато од британскиот претставник Сајед Камал дека не одговорил околу „профилите во сенка“ што Фејсбук ги создава за луѓето што не се нивни корисници:

Пред станување беше договорено дека Закерберг на писмено ќе одговори на сите прашања на кои дента не стигнал директно да одговори.

Сиже на сослушувањето:


Целото испрашување: