Бизнис

Амазон стана преголем за да биде бојкотиран

"Ако го бојкотирам Амазон, каде на Менхетен ќе најдам бебешки пелени? Особено број 7?"

Кога брендовите крахираат под сопствениот успех

Кај Американците примери се џакузи и фризби, кај нас меѓу другите ги имаме каладонт и монтки, брендови кои што се толку моќни што станале генеричко име за цела категорија производи. Одлично признание, кое е еден од главните знаци за неминовната смрт на брендот.

Економијата под опсада на пирамидални измами

По дефиниција измамата е во тоа што парите од инвеститорите не се користат за финансирање на бизниси кои би можеле да донесат пари, туку измамниците парите од новите инвеститори ги користат за исплаќање профит на старите инвеститори. И така во круг додека не пукне.

Алибаба и неговиот главен разбојник

Алибаба навистина е монструм од компанија. Во мал стан во 1999-та година ја има основано Џек Ма, еден чуден гениј кој денеска тежи преку 8 милијарди долари. На таа тема. 

Каде умираат непродадените автомобили

За да вадат профит автомобилските компании мораат да продолжат со одржување и зголемување на бројот на произведени автомобили. За да произведуваат автомобили треба да има побарувачка за истите, а нема. Решение: џиновски паркинзи.

Најголемиот маркетинг пишман

Она што требаше да биде создавање на 35 милијарди долари вредна маркетинг агенција, ќе заврши само како неуспешна идеја, откако Омником Груп и Публицис Груп решија да го прекинат процесот на спојување. И на двете компании им станало премногу комплицирано.

Виза, Мастеркард и кауцијата од речиси 4 милијарди долари

Затоа тоа што Виза и Мастеркард, како глобални системи за плаќање, се однесуваат доста локално и послушно секој пат кога САД ќе воведе санкции против некого, Русија одлучи со нив да почне да работи со оставање кауција.

Економисти размислуваат за забрана на банките

Сериозни економисти сериозно ја разгледуваат опцијата да се забрани модерното банкарство. Идејата изгледа луда и неостварлива, но, кризите во кои упаѓаат модерните држави ја прават логична.

Каде сме биле грешка за најбогатите

Најголемиот "грев" е што цело време се удира по кутрите најбогати 1% од населението и како нивните приходи се небесно пораснати во однос на останатите 99%. Всушност проблемот се најбогатиот 1% меѓу најбогатите.

Кај што има банкар, има и начин

ЕУ воведува нови правила со кои се ограничува колкави бонуси можат да делат банките. Банките воведуваат нови правила за тоа што е бонус.

Дали Елон Маск сака да биде Тони Старк?

"Тесла Гигафактори" е фабриката која ќе има капацитет до 2020-та да произведе доволно акумулатори за 500.000 Тесла автомобили. Проблемот е што сите се сомневаат дека Тесла ќе продаде 500.000 автомобили до 2020-та, а специјалните акумулатори направени за електрични автомобили е многу веројатно да завршат во армијата.

Милијардери пукнати за субвенции

Компании кои се дел од Топ 500 листата на Форчун (што е гаранција дека се незамисливо пребогати), минатата година добиле субвенции од американската влада во износ од - 63 милијарди долари.

Меракот да се стави бензин за округла цена

Научници следат како Американците полнат бензин на една бензинска во Њујорк. Ги пребројуваат и заклучуваат дека речиси 70% кога полнат бензин гледаат да заокружат на најблискиот цел број.

Колорадо има глуп проблем со легалната марихуана

После два месеца легална продажба на марихуана Гувернерот на Колорадо изјави дека погрешил во пресметките околу оданочувањето и годинава од овој бизнис ќе соберат околу 30 милиони долари повеќе од предвиденото.

Богатите и нивните пари

Поделбата на богатите е на две групи на луѓе - оние кои заработуваат над 500.000 долари годишно и оние чија нето вредност е над 1 милион долари. Овие две групи многу поинаку гледаат на работите. Третата група е остатокот од народот.

Како се хакира логиката на цените

Кога се работи за цените, луѓето не се однесуваат рационално, и најдобрите компании тоа го знаат. Нетфликс планира да го направи она што никој во САД последниве години не го направил - да дигне цени.

Гугл ја продаде Моторола на Леново

Пред помалку од две години испружи скоро 13 милијарди долари, сега ја продаде за нецели три милијарди. Зијанот не е толкав како што личи на прв поглед но сепак е признавање на неуспехот.

Енциклопедија на трошење: Сочи 2014.

25,1 милијарда долари се од федералниот буџет, 1 милијарда долари од регионалниот буџет, 10,5 милијарди долари од државните компании, 7,6 милијарди долари заем од банка, 1,6 милијарди долари приватни инвестиции. Тотал = 45,8 милијарди долари. Анти-корупциската фондација изработи енциклопедија на сите проневерени пари од Сочи 2014.

Кога пари не се проблем

Банката ХСБЦ успеа да постигне спогодба со американското Министерство за правда по повод обвинувањата дека переле пари за нарко-картелите, за што ќе платат казна од неверојатни 2 милијарди долари или како што тоа го викаат во ХСБЦ - профит од 5 недели работа.

Колку е добро да си НФЛ

На НФЛ како непрофитна организација која во текот на оваа година ќе заработи 10 милијарди долари, повторно ќе и биде простен данокот кон државата.

Монсанто во нова офанзива

Најголемиот производител на ГМО и генерално на семенски материјал, Монсанто, од годинава има нова тема на интерес - што се случува на нивите на земјоделците. Ама сакаат сè да знаат, до последен детаљ. На Американската федерација на фармери, ова не ѝ изгледа баш најпаметно.

Епското кинеско офшор богатство

Истата новинарска мрежа која минатата година собра 2,5 милиони документи со податоци за светски офшор компании, сметки и фондови, деновиве го објави својот извештај на тема Кина и офшор сметки на кинески функционери, на број - 22.000 клиенти.

О, како ги сакам парите

Во последната година на Вол Стрит мојот бонус беше 3,6 милиони долари - и бев гневен бидејќи не беше доволно голем. Имав 30 години, немав деца за растење, немав долгови за плаќање, ниту некакви филантропски цели на ум. Сакав повеќе пари од иста причина зошто алкохоличар сака уште еден чашка: бев зависен. Вака го почнува својот текст во Њујорк Тајмс поранешниот брокер на Волстрит, Сам Полк.

Неколку бројки за рекламите на Супер боул

Со нова цена од 4 милиони долари за простор од 30 секунди (за тие што при крај се пријавиле цената е 4,5 милиони), комплетното време за реклами на годинешниот Супер Боул беше распродадено неколку месеци однапред.