Пресметката е на Пол Томкинс колумнист и автор за англиски фудбал, и во неа објаснува зошто Ливерпул и годинава, 26-та година по ред нема да ја освои титулата, "едноставно нема пари."
Томкинс објаснува дека пресвртот се случува со титулата од 2004-та и влегувањето на Роман Абрамович во англискиот фудбал, со што се зголемува јазот меѓу "убер-клубовите" и остатокот од лигата.
Во изминатата деценија ниту еден клуб кој вреди под 500 милиони евра (со адаптирана инфлација) не успеал да ја освои лигата. Екипата на Ливерпул моментално вреди 369 милиони евра.
Иако е возможно некој од поевтините клубови да се бори и да стигне до титулата, тоа е екстремно тешко. Примерот е со ланската сезона кога Јунајтед играше лошо, Челси беше под очекувањата, ама сепак на крај Сити успеа да му ја земе титулата на Ливерпул во последните неколку кола.
"Гледај го тоа како провалување во банка: може ќе го минеш првото ниво на безбедност, ако има некои проблеми, ама шансите дека ќе ги пројдеш сите три, се намалуваат со секој нов предизвик," објаснува Томкинс.