Не, средношколец не заработи 72 милиона долари на берза

Њујорк Магазин во понеделникот ја објави сторијата за матурантот од Њујорк (по име Мухамед Ислам), кој за време на паузите меѓу часови во средно направил околу 72 милиона долари на берза. Сторијата е невозможна толку колку што ви звучеше невозможно.

Веднаш по објавувањето на сторијата, Мухамед Ислам и другар му Дамир Тулемаганбетов, ја најмуваат фирмата за кризен ПиАр 5WPR, и придружени од четворица меѓу кои и еден адвокат, за Њујорк Обсервер ја раскажуваат својата страна на приказната.

Првиот контакт со Њујорк магазин им е преку татко на еден другар кој работел таму и на новинарката на магазинот и дал број од Ислам.

Цитиран си дека велиш 'осум цифри' (за заработената сума). Ова не е вистина, нели?
Не, не е вистина.

Дали има некоја бројка? Дали воопшто имаш инвестирано и заработено?
Не.

Значи ова е тотална измислица?
Да.

Дали си заинтересиран за инвестирање? Од каде ти е оваа репутација?
Водам инвестициски клуб во Стујвесант Хај каде што само имаме симулации со тргување.

Ако работеше со вистински пари, дали добро ќе заработеше?
Симулираната трговија имаше екстремно висок релативен процент на успех.

Од каде и е на Џесика Преслер (новинарката на Њујорк маг) сумата од 72 милиони долари?
Искрено не знам. Бројката е шпекулација.

Таа рече дека ти си заработил 72 милиони?
Ја наведов да верува дека сум заработил и над 72 милиони долари на симулирана трговија.
(Во овој момент се вклучува консултантот од ПиАр агенцијата, бара пауза излегуваат надвор од собата и разговараат со клиентот. По ова Ислам влегува во собата.)
Се што можам да кажам е дека бев многу успешен во симулираната трговија.

Дамир, кажи ми каде си ти во целата работа?
Се запалив на тргувањето и му реков да ме прими да работам со него. Слушнав за статијата и Мухамед ме покани и ја запознав Џесика.

Другари сте надвор од ова?
Се гледаме на собиранки и кај пријатели.

Мухамед, што рекоа твоите родители кога прочитаа дека имаш 72 милиона долари?
Искрено, татко ми сакаше да се откаже од мене. Мајка ми во основа рече дека никогаш нема да ми збори. Нивниот став е дека ако јас лажам за нешто и не можам да го поткрепам тоа, тогаш тие повеќе не можат да ми веруваат... Тие знаеа дека ова е лага, и во основа сакаа да ме убијат и од тогаш немам зборено со нив.

"Ете ви. Нема 72 милиона долари, нема осум цифри, нема ниту една цифра. Приказната веќе е пробиена, а коментарите на сајтот на Њујорк маг. ја растураат новинарката што воопшто помислила дека ова е возможно. Магазинот веќе го промени насловот за да не се споменува сумата од 72 милиона, меѓутоа самата приказна останува. Дури и ако ова дете од работничко семејство некако почнало со 100.000 долари на првиот ден кога стапнал во средно училиште, ќе му требаше успех и поврат на инвестиција од околу 796% во период од три години (за да стигне до сумата)," објаснува новинарот на Њујорк Обсервер.

16 декември 2014 - 09:39