Откако работи како консултант за неколку компании во Париз и во Њујорк, во средната на 90-те одбива ангажмани во владата на БСК. Крајот на 90-те, 37-годишниот Тиам го дочекува цели 6 месеци без работа, период кој подоцна го објаснува со "ако си роден во ситуација каде што немаш ништо, тогаш немаш ни од што да се плашиш."
По уште еден ангажман во консултантката компанија во која ја започна кариерата, тој се префрла во осигурителната компанија Авива, каде станува директор за европски операции. Во 2008-ма се префрла во Прудентиал каде е финансиски директор.
Следната година тој станува директор на Прудентиал, со што е првиот црнец ЦЕО на Топ 100 компанија според индексот на ФТСЕ. Од оваа позиција тој решава да ја освојува Азија и дава понуда од 35,5 милијарди долари за купување на АИА, азиската дивизија на американската осигурителна компанија АИГ.
Тука тој привлекува несакано внимание од медиумите, акционерите и вработените, кои масовно се против купувањето и спојувањето на двете компании. Заради ова тој го губи своето ново-стекнато место во бордот на Сосиете Генерал, а самиот договор пропаѓа под сеопштиот притисок.
Успехот на Тиам да "преживее" според Телеграф е "знак на неговата харизма." По неуспехот на договорот, тој објави 3-годишен план за двократно зголемување на профитите на компанијата во САД и Британија. Минатиот март, тој објави дека планот е остварен.
"Сега многумина се чудат колку долго е веројатно Тиам да остане во светот на швајцарското банкарство - тој често пати е споменува за улога во некое големо глобално тело, како Светската банка на пример.
Меѓутоа базирано на неговата претходна форма, кога тој ќе си замине малку е веројатно дека Кредит Суис ќе биде ист како кога тој дошол," пишува Џејмс Титкомб за Телеграф.