2. Вредноста на неговата компанија 43 од 44 години има подобри резултати од просекот на Стандард енд Пур 500.
3. Нето вредноста на Бафет од 63,3 милијарди долари е поголема отколку БДП-то за 2013-та на Гана и Камбоџа (заедно). Гана има 47,9 милијарди БДП, Камбоџа е со 15,2 милијарди долари.
4. Во 2013-та Бафет заработуваше по 37 милиони долари на ден. Џенифер Лоренс истата година (за цела година) заработи 34 милиони долари.
5. Бафет првата акција ја има купено во истата година кога е бомбардиран Перл Харбор. Три акции за себе и три за сестра му. Вкупна вредност 38 долари.
6. Во својот живот Бафет има донирано доволно пари за да 4 пати го изгради вселенскиот брод на Епл (новото седиште на компанијата). Цената на кампусот на Епл е предвидена на околу 5 милијарди долари.
7. Ако во 1970-та си инвестирал 1.000 долари во фирмата на Бакет, денес ќе имаше 4,86 милиони долари.
8. Бафет е подготвен за два пати да ги зголеми своите инвестиции во обновлива енергија. Со парите што ги даде до сега можеше да изгради 46 Бурџ Ал Араб облакодери. До сега има дадено 15 милијарди долари, а планира уште толку. Зградата чини 650 милиони долари.