Најомразената компанија во Америка

Статусот се добива по основа на 70 илјади интервјуа и еден куп други фактори што седнуваат да ги пресметаат од Универзитетот Мичиген за Американскиот индекс на задоволство кај потрошувачите. Победник е Тајм Ворнер Кејбл.

Кабелскиот провајдер годинава има резултат од 54 поени од можни 100, за нијанса подобри од нив се Комкаст со 57 поени, Јунајтед Ерлајнс имаат 60, а Вол-Март е најнепопуларниот ланец на супер-маркети со 71 поен.

Гневот околу кабелските е постојаниот раст на цената на услугата и генерално немањето избор. На ова се надоврза и најавата за спојување на Тајм Ворнер Кејбл и Комкаст, што дополнително ќе го намали изборот. Пресметките се дека во изминатата декада сметките за кабелска се зголемени за 2 пати, на околу 112 долари месечно (во сумата е влезен и интернет и телефон).

И покрај позитивното влијание на ниските цени, нискиот резултат на Вол-Март е заради времето на чекање пред каса, "затоа што потрошувачите се навикнати Вол-март да имаат најниски цени, па не го сметаат тоа за некое посебно достигнување" и заради сите проблеми со работничките права и ниските плати на вработените во супермаркетите.

Индексот се базира на 70.000 интервјуа со потрошувачи кои се спроведуваат во текот на целата година, резултати од 10 економски сектори, резултати од конкретната индустрија, резултати на компанијата и федерални и локални резултати.

30 декември 2014 - 12:06