Алибаба е најголемата компанија за е-комерц во светот (да поголема од Амазон) и од таму објаснуваат дека "од нивна перспектива, носат сериозна одговорност за борба против фалсификатите."
Најголемата чистка на фалсификати АлиБаба ја направи пред излегувањето на берзата во Њујорк, во септември годинава, кога казни околу 130.000 производители. Проблемот со копиите им е еден од најсериозните имиџ проблеми за излегувањето на американската берза.
Како дел од заштитниот механизам секој купувач на сајтовите на АлиБаба има опција да пријави фалсификат производ, плус секој продавач на сајтот при регистрирање остава депозит како гаранција дека неговите производи се оригинали.
До пред неколку години бизнисите на АлиБаба беа наведени на листата на американските трговски претставници под ставката "озогласени пазари" за прекршување на интелектуална сопственост.
Во ноември годинава за време на Денот на самците, АлиБаба понуди сериозни попусти на своите производи. На овој ден компанијата имаше вкупна продажба од 9 милијарди долари. Подоцна претставници на кинеската Државна администрација за индустрија и трговија, спроведоа истрага за стоката продадена на овој ден на сите сајтови за е-трговија во Кина. Беше откриено дека 10,6% од сите продадени производи биле фалсификат или многу сомнителни.