Руската економија под Путин

Без да се навлегува во тоа каде на крај завршуваат парите, од почетокот на владеењето на Путин во 2000-та, до сега руската економија е порасната за 8 пати.

Најголемиот дел од растот е од енергетскиот сектор и е комбинација на зголемено производство и скок на цените на глобалните пазари. Во 1999-та овој сектор има извоз од 34,6 милијарди долари, 2000-та (Путин доаѓа на власт на 7-ми мај) ја завршуваат со 54 милијарди долари, за во 2012-та сумата да изнесува 319 милијарди долари. Енергетиката единствено забележува пад во 2009-та, во најлошиот дел од глобалната криза, меѓутоа веќе 2010-та сето ова се стабилизира.

Во пресметката за руската економија влегуваат 8 сектори: енергетика, метали, хемиски производи, машинерија, производи од дрво, авиони и автомобили, скапоцени метали и останато.

Од доаѓањето на Путин сите овие сектори бележат раст, освен извозот на авиони и автомобили. Ова е и главната забелешка на руската економија дека во најголем дел се базира на ресурси, наместо на напредна индустрија, и дека со текот на годините само ја зголемуваат својата зависност од извоз на енергија.

Инаку и за увоз и за извоз главен партнер на Русија е Европската унија, а на второ место и по двете основи е Кина. На трето место по извоз во Русија е Украина, а трета по увоз на руски производи е Турција.

1 декември 2014 - 10:21